Употреба на новите геоинформации во образовниот систем на Р.Македонија.

Dimitrov, Nikola (2005) Употреба на новите геоинформации во образовниот систем на Р.Македонија. In: Форум: Нова ера во картографијата во Македонија, 16 Nov 2005, Skopje, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of Forum - Prezentacija - Nova era vo kartografijata vo RM 8_Utilization of New Geo-Information(Mac).pdf]
Preview
Text
Forum - Prezentacija - Nova era vo kartografijata vo RM 8_Utilization of New Geo-Information(Mac).pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Forum - Nova era vo kartografijata vo RM 8_Text(Mac).pdf]
Preview
Text
Forum - Nova era vo kartografijata vo RM 8_Text(Mac).pdf

Download (224kB) | Preview

Abstract

Наставникот по географија е тој што ја дава душата на географијата, а географската карта формата. Географија е наука со долга историја. Иако како модерна наука се формирала во втората половина на 19. век, почетоците на нејзиниот развој се далеку во минатото. Поточно, географијата под својот назив се појавува пред повеќе од 2300 години. За тоа ни сведочат бројните книги, карти и други извори.
Од средината на шеесеттите години на 20. век започна ерата на т.н. “нова географија”. Филозофијата на новата географија е во напуштањето на традиционалниот концепт на географијата (дескрипција, статичноста, наивност и други обележја), а примена на функционалните истражувања на просторот, заштита на природните ресурси и животната средина, транспарентност на разните географски карти, примена на географски информациски системи, примена на повеќе модели на просторни концепти, практицирање на позитивизмот и слично. Според тоа современата географија е наука која просторот го истражува како сложен систем на запознавање на елементите (релјеф,води, клима, население, населби) со акцент на разбирање на интеракциските односи во тие елементи и процесите кои од нив произлегуваат. Новата географија веќе е присутна во готово сите подрачја на човековите дејности и истата не може да се замили без примена на географските информациски системи и географските карти.
На претходните зборови можеме да додадеме дека во функција на новата географија започна и Нова ера на картографијата во Македонија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 12 Feb 2013 12:49
Last Modified: 28 Nov 2014 12:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5338

Actions (login required)

View Item View Item