Gruevski, Ilija (2010) Финансирање и развој на малите и средните претпријатија од текстилната индустрија во општина Кочани. Other. Alfa 94, Skopje.
Preview |
Text
Монографија.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
За разлика од другите дејности, текстилната дејност во Република Македонија релативно поуспешно се вклучи во транзициските промени во периодот по осамостојувањето. Нејзиното значење за македонската економија е доста големо. Само во 2005 година со текстилна дејност се занимавале околу 1.700 деловни субјекти кои вработувале над 40.000 работници што претставувало 1/4 од вкупно вработените во индустријата. Учеството во Бруто домашниот производ било околу 13%, додека нејзиното учество во извозот изнесувало 28%.
Меѓутоа, глобалните промени што се случуваат на светско ниво, кои се одразуваат и кај нас, влијаат врз текстилната дејност, што налага натамошно преструктуирање и адаптирање согласно условите што ги наметнуваат европскиот и светскиот пазар. Само успешното, брзо и навремено преструктуирање кон глобалните потреби диктирани од меѓународните развојни трендови ќе допринесат оваа индустриска гранка да го задржи значењето и приматот на една од најуспешните во земјата.
Целта на овој труд е да се согледаат состојбите и проблемите на текстилната индустрија на подрачјето на Кочанската општина, како и да се предложат насоки за развој и финансирање на претпријатијата од оваа индустрија. За таа цел направено е анкетно истражување во кое се опфатени единственото големо и сите средни претпријатија, поголемиот дел (преку 50%) од малите претпријатија и околу 20% од микро претпријатијата од општина Кочани. Најпрвин, ќе се прави SWOT анализа, за да потоа се укаже на нивната стапка на рентабилност, просечната ликвидност и продуктивноста. Освен тоа, се анализираат и основните трошоци на нивното работење, каква е просечната стапка на задолженоста и која е просечната стапка на враќање на инвестициите, за да на крајот се определат и можните начините на финансирање на нивното тековно работење.
Во продолжение, се предлагаат можни мерки за подобра адаптација и флексибилност на текстилното производство во однос на зависноста од увоз на репроматеријали, како и мерки за подобрување на конкурентноста. Понатаму, се врши анализа на можностите за формирање и организирање на центри за увоз и дистрибуција на материјали. Исто така, аргументирани се и поволностите што овие центри ги нудат во смисла на обезбедување на посредничка врска помеѓу производствените капацитети и странските купувачи кои воедно би можеле да ја превземат организацијата на увозно-извозните активности во постоечкиот систем на лон производството. На крајот се разгледуваат и можностите за организирање на центри за образование и обука на работниот кадар на оваа индустрија.
Во истражувањето и обработката на предметната материја применети се општопознатите методи кои се користат во општествените науки. Во таа смисла, покрај теоретските истражувања, поголема примена ќе имаат аналитичкиот, историскиот, компаративиот, логичкиот и статистичкиот метод.
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Ilija Gruevski |
Date Deposited: | 03 Feb 2013 11:59 |
Last Modified: | 03 Feb 2013 11:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5315 |
Actions (login required)
View Item |