Angelovska, Bistra and Petrova, Guenka (2011) Иследување на влијанието на документот за Стратегија на лекови на РМ врз пропишувањето и рационалната употреба на лековите. In: Fifth Congress of Pharmacy of Macedonia with International Participation, 21 – 25.09.2011, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
kongres ohrid.pdf Download (360kB) | Preview |
Abstract
Националната стратегија за лекови е писмен политички и професионален документ кој претставува водич за делување на професионалците и политичарите за подобро снабдување и подобрување на физичката и финансиската достапност на лековите до населението. Главна цел на таквиот документ е да обезбеди квалитет, безбедност, ефикасност и рационална употреба на лековите на национално ниво, но тие цели имаат различен приоритет на ниво на земјата. Во октомври 2001 Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за лекови на Република Македонија со цел да ги дефинира механизмите за поддршка на достапноста, квалитетот и ефикасноста на лековите и нивната рационална употреба во земјата, но промените на ниво на земјата не беа анализирани до овој момент. Цел на оваа студија е да ги анализираме промените во употребата на лековите, праксата за пропишување и рационалната употреба на лековите во Република Македонија пред и по изготвувањето на документот за Стратегија за лекови на Република Македонија. Главното прашање на оваа студија е „ Дали усвојувањето на документот Стратегија за лекови на Република Македонија придонесе за подобрување на достапноста и рационалната употреба на лековите ? Методи користени во оваа студија се : анализа на примероци на пропишани лекови пред и по донесувањето на Стратегија за лекови на Република Македонија, систематизирање по АТС код и анализа во однос на морбидитетот, учество на пропишани есенцијални лекови, инекции и комбинации. Резултатите покажаа дека праксата на пропишување одговара со водечките дијагнози, но пропишувањето е фокусирано врз ограничен број на лекови и се поставува прашањето на можноста за слободен избор на лекарите на понови лекови и воведување на современа терапија. Споредбата со ситуацијата пред донесувањето на документот покажа дека праксата за пропишување е подобрена. Идни приоритети на национално ниво би можеле да бидат воведување на генеричка политика за лекови, прецизирање на критериумите за селекција на лековите, рационализирање на антибиотската терапија и поврзување на политиката на реимбурсирање со генеричката политика за лекови.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 12 Feb 2013 12:10 |
Last Modified: | 12 Feb 2013 12:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5279 |
Actions (login required)
View Item |