Даноците и меѓународните текови на капиталот со посебен осврт врз меѓународната даночна конкурентност на РМ

Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan (2012) Даноците и меѓународните текови на капиталот со посебен осврт врз меѓународната даночна конкурентност на РМ. Conference proceedings, First International Conference for Business, Economy and Finance- ICBEF 2012. ISSN 978-608-4504-88-7

[thumbnail of Даноците и меѓународните текови на капиталот со посебен осврт врз меѓународната даночна конкурентност на РМ.pdf]
Preview
Text
Даноците и меѓународните текови на капиталот со посебен осврт врз меѓународната даночна конкурентност на РМ.pdf

Download (569kB) | Preview

Abstract

Во светот на глобалната економија која се карактеризира со висок степен на либерализација на економските односи, основниот фактор од кој зависат меѓународните текови на капиталот претставува глобалната или светската каматна стапка. Притоа, националните даночни системи, а особено оние кои се одликуваат со високи стапки на корпоративниот данок на доход, можат во значителна мера да ги ограничат тековите на капиталот во светски рамки. Причината за ваквото нарушување лежи во неоспорниот факт што даноците ја зголемуваат бараната стапка на принос или поточно трошокот на капиталот на меѓународните проекти. Последиците од даночната дисторзија, воглавно се состојат од намалување на меѓународната ефикасност на капиталот како резултат на намалената акумулација и ограничената мобилност на капиталните фондови. Со цел да ја промовираат сопствената земја како локација погодна за странскиот капитал, националните земји настојуваат да ги снижат стапките на корпоративниот данок на доход. Ваквиот тренд кој е карактеристичен во последните две декади, со други зборови се нарекува “меѓународна даночна конкурентност”.
Целта на трудот е преку компаративна анализа, да се укаже на исклучително добрата даночна позиционираност, односно конкурентност на Република Македонија како дестинација погодна за инвестирање на меѓународниот капитал. Основниот методолошки пристап користен во анализата, претставува концептот на трошокот на капиталот. Од него е изведена познатата мерка на ефективниот даночен товар која се нарекува просечна ефективна даночна стапка (аverage еffective tax rate), од страна на авторите Мајкл Деверу и Рејчел Грифит, која е впрочем основната релевантна методологија за оценка на даночната атрактивност на одредена локација. Од исклучителна помош како дополнение на основната методологија се и коефициентот на маргиналната ефективна даночна стапка (marginal effective tax rate) и компаративниот метод.
Покрај практичната вредност на трудот, која се огледа во можноста да се искористи како извор на информации за висината на ефективниот даночен товар на РМ за заинтересираните страни (институции и странски компании), може да се каже дека истиот има и одредена теоретска тежина, со оглед на тоа што со него се промовираат современите методолошки пристапи кои вообичаено се користат во оваа област.
Клучни зборови: даноци, корпоративен данок на доход, странски инвестиции, даночна конкурентност, законска даночна стапка, просечна ефективна даночна стапка (ПЕДС), маргинална ефективна даночна стапка (МЕДС).

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ilija Gruevski
Date Deposited: 29 Jan 2013 09:14
Last Modified: 03 Dec 2013 14:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5202

Actions (login required)

View Item View Item