Nikolova, Elena (2011) Корпоративно управување: улогатa на одборот на директори. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip. pp. 247-256. ISSN 1857- 7628
Preview |
Text
Zbornik_ekonomski .pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Големата моќ носи голема одговорност. Да се биде дел од „екипата” која учествува во управувањето со најголемите светски корпорации е вистински предизвик, и морален и материјален.
Основната цел на овој труд е да се разјасни улогата и значењето на одборот на директори во корпоративното управување.
Кога ќе се спомне поимот „одбор на директори”, веднаш буди асоцијации на убаво облечни дами и господа кои седат на округла махагонска маса и задоволно се насмевнуваат еден кон друг. Но, ако се запрашате која е нивната основна улога и какви задачи извршуваат, кој би бил Вашиот одговор?
Во услови на сé поголемо усложнување на меѓународните односи, неизбежно се поставува прашањето за тоа кои се клучните поединци одговорни за успехот/неуспехот на светските корпорации - креатори на најголемиот дел од светското богатство. Сосема разумно е да се тврди дека одговорнoста лежи токму во членовите на одборите на директори ширум светот.
Во продолжение следува подетална анализа на тоа што всушност претставува одборот на директори, која е неговата улога, должност, одговорност, како се организира и на кој начин да се унапреди неговата ефективност.
Клучни зборови: одбор, директори, моќ, овластувања, одговорност
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Elena Veselinova |
Date Deposited: | 24 Jan 2013 14:58 |
Last Modified: | 24 Jan 2013 14:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5117 |
Actions (login required)
View Item |