Sivevska, Despina and Cackov, Oliver (2012) Улогата на воспитувачот во реализирањето на воспитно-образовната дејност во предучилишната установа. In: VIII Симпозијум са међународним учешћем „Васпитач у 21. веку“, 30-31 March 2012, Сокобања, Србија.
Preview |
Text
Улогата на воспитувачот во реализацијата.pdf Download (411kB) | Preview |
Abstract
Воспитувачот е личност која се грижи за децата за време на нивниот престој во предучилишната установа, ги негува, образува и социјализира. Тој е еден од битните фактори кои влијаат на правилното воспитување на секое дете. Во рамките на своите активности, тој треба да води сметка за физичкиот, психичкиот, социјално-емоционалниот, сознајниот развој на децата, како и развојот на нивните способности за комуникација и творештво.
Во трудот се обидовме да ги идентификуваме и дефинираме особините на личноста на воспитувачот и неговата умешност за реализирање на воспитно-образовната работа во градинката. Со помош на анкетен прашалник е испитано мислењето на воспитувачите со цел да ги идентификуваме особините на еден добар воспитувач, од што зависи вештината на воспитувачот во реализирањето на воспитно-образовната дејност, на кој начин го стекнува авторитетот кај децата, на кој начин се усовршува, колку следи литература за стручно усовршување и сл.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | воспитувач, особини на личноста на воспитувачот |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Despina Sivevska |
Date Deposited: | 24 Jan 2013 12:56 |
Last Modified: | 05 Aug 2015 13:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5018 |
Actions (login required)
View Item |