Nikoloski, Krume (2011) Современи тенденции на Јавно здравство. Goce Delcev University Stip, Faculty of Economics.
Preview |
Text
Javno zdravstvo_final.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Следењето на современите тенденции во јавното здравство станува
секојдневна и неопходна активност за добро функционирање на јавно
здравствените системи, што ќе доведе до унапредување на економскиот и
здравствениот развој. Здравјето е универзален феномен којшто наоѓа примена
во секој систем. Феноменот е многу едноставен: колку повеќе здравјето се
познава толку повеќе тоа се почитува. Здравјето е невозможно без добриот
однос кон себе. Со други зборови кажано, само вие можете себеси да се
направите здрави и среќни и само вие можете сите други да ги направите
здрави и среќни. Следете ја љубовта и природните закони на животот, а за
возврат ќе бидете дарувани со највредното – здравјето. Сакам да го фокусирам
вниманието кон моите студенти - неопходно е тие да формираат три навики кои
се потребни за достигнување на среќа и благосостојба: навика да се биде
континуирано здрав, навика за континуиран напор и навика континуирано да се
учи.
Затоа, целта на овој учебник е да понуди знаење на студентите кое ќе им
помогне на нив, како идни менџери, да го применат во јавно здравствениот
систем во совладувањето на тековните проблеми и во создавањето перспектива
за подобро здравје. Поконкретно кажано, учебников служи како брилијантно
упатство на идните професионалци кои тежнеат да ги прошират своите знаења
во оваа област и практично да ги применат во нивното ангажирање како
менаџери во донесувањето на стратешки одлуки поврзани со здравјето и
здравствената заштита. Во таа смисла, проблематиката којашто се обработува
е во контекст на современите тенденции на јавното здравство.
Учебников е прилагоден на наставната програма на Економски факултет
– Штип и истиот е во согласност со интелектуалниот потенцијал на студентите
запишани на прв и втор циклус на студии на насоката Здравствен менаџмент.
При пишувањето на учебникот користен е лесно разбирлив аналитичен
инструментариум преточен во графичка анализа, едноставна интерпретација и
логично размислување кои на читателот му овозможуваат инзвонреден увид во
истражување на појавите и во нагласување што точно тој да бара и како да се
справи во одредени ситуации.
Ова прво издание на учебникот Современите тенденции на јавното
здравство е замислено како воведен текст што треба да помогне во
постигнување на неколку цели во сферата на јавното здравство. Според моето
професионално мислење учебников му овозможува на читателот да го разбере
концептот на јавното здравство и да му ја даде неопходната основа за да може
да ја разбере еволуцијата, развојот и сегашната состојба на јавното здравство.
Подготовката на овој универзитетски учебник претставува една
амбициозна и комплексна задача затоа што требаше да се опфати обемен
материјал, за да се истакнат најзабележителните аспекти на јавното здравство.
Станува збор за студиозен пристап кон одделни релевантни прашања од
областа на јавното здравство, усогласување на различни теми и прецизно
дефинирање на основни категории и појави од областа на современото јавно
здравство. Сето ова е добро осмислено со цел за поуспешно промовирање на
научната мисла и за стекнување подобар увид во проблемот на јавното
здравсто. Разгледувано од повеќе аспекти, најважната цел е изучувачите на
јавното здравство доволно добро да ја совладаат оваа предметна материја за
да можат да пронајдат одговор и разјаснување на здравствените прашања.
Изучувањето на јавното здравство е еден од најфасцинантните образовни
потфати при кој се поставуваат тематски, научни и идеолошки прашања. Затоа
очекувам критички однос кон изнесените ставови од страна на студентите и од
сите оние кои се занимаваат со проблемите во јавното здравство и ги
поттикнувам да испратат свои мислења и сугестии за да се подобрат идните
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Krume Nikoloski |
Date Deposited: | 23 Jan 2013 10:15 |
Last Modified: | 23 Jan 2013 10:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5011 |
Actions (login required)
View Item |