Развојни фази што треба да ги поминат македонските компании во имплементацијата на интегралната методологија за проектирање и имплементирање на TQM системот

Mitreva, Elizabeta (2010) Развојни фази што треба да ги поминат македонските компании во имплементацијата на интегралната методологија за проектирање и имплементирање на TQM системот. Списание “Економија и бизнис”, XIII (149). pp. 21-25. ISSN 1409-6781

[thumbnail of br 149 2010.pdf]
Preview
Text
br 149 2010.pdf

Download (184kB) | Preview

Abstract

Во време на голема конкуренција и присуство на многу ентитети на пазарот, мора да се зголеми акцентот на квалитетот на целокупното работење во компанијата. На пазарот мора да се излезе со квалитетен производ, со прифатлива цена и во договорениот рок.
Посочените констатации отвораат дилеми:
• дали македонските компании се подготвени за настап на глобалниот пазар?
• колку тие се во состојба да создаваат вредности и да градат деловна култура, како одговор на развојот на конкуренцијата и брзата адаптација на потребите и желбите на купувачите/ корисниците?
• дали имаат изградено систем за менаџмент на квалитет по стандардот ISO 9001:2008, што претставува основа за постојано унапредување на квалитетот?
• дали се подготвени да ја прифатат TQM (Total Quality Management) филозофијата?
Прифаќањето на новата TQM стратегија значи одговор на прашањата:
• дали мисијата и визијата на топ менаџментот се содржат во политиката на квалитет и се создава клима и информациона база на која може да се развива тимската работа?
• дали раководењето со компаниите се темели на задоволство на сите заинтересирани страни?
• дали е обезбедено раководење и мотивирање на вработените преку уважување на нивните индивидуални потреби?
• дали се гради меѓусебна доверба и почит помеѓу топ менаџментот и вработените што ќе доведе до перспектива и одржлив раст на компаниите?
• дали постои поголема партиципација на вработените во идентификација и решавање на проблемите, во самото поставување на стандардите и во напорите вложени за унапредување на деловните процеси, производите/ услугите?
• дали се применуваат методите и техниките за бездефектно производство кои не бараат инвестиции за опрема, нова технологија, туку само научен пристап кон работата?
• дали вработените се доволно обучени да делуваат превентивно во управувањето со деловните процеси?
Обидот да се одговори на овие прашања бара реинженеринг на деловните процеси во компаниите, нов пристап во начинот на размислување и организирање на деловните процеси.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 24 Jan 2013 11:20
Last Modified: 24 Jan 2013 11:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4968

Actions (login required)

View Item View Item