Mitreva, Elizabeta (2011) Интегрален модел за проектирање и имплементирање на TQM системот во компании. Списание „Економија и бизнис”, XIV (153). pp. 20-25. ISSN 1409-6781
Preview |
Text
br 153 2011.pdf Download (106kB) | Preview |
Abstract
Со овој модел се нуди токму поддршката на топ менаџментот, здобиена поради прикажување на резултатите од имплементацијата на дел од методологиите во некои наши компании, и вклученост и посветеност на секој вработен, поради тоа што токму извршителите на процесите се оние кои ги подобруваат истите.
Придобивки од предлог – методологијата за проектирање и имплементирање на TQM системот во компаниите
Придобивки од методологијата за проектирање и имплементирање на TQM системот во компаниите се:
1. со примената на интерната стандардизација се подобрува одговорноста на вработените во реализација на деловните процеси;
2. со примената на статистичките методи и техники се смалуваат дефектите во работењето и е значајна придобивка, особено кога се бара утврден квалитет при најмали трошоци на работење;
3. со примената на софтверските пакети се зголемува ефикасноста во примената на статистичките методи и техники;
4. преку анализа на трошоците на квалитет може да се контролираат загубите и тие да се сведат на минимални во поглед на потрошувачката на материјали и енергија.
Сепак треба да се има предвид дека без образование за овие области и континуирано образование најпрво на менаџерите, а потоа, преку нив, на сите вработени, не би можела да се примени оваа методологија и поред тоа, не би можеле да се оценуваат наведените придобивки од системот за квалитет. Покрај образованието, мотивацијата е исто така значајна моторна сила за остварување на системот за тотален менаџмент на квалитет.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Elizabeta Mitreva |
Date Deposited: | 24 Jan 2013 11:14 |
Last Modified: | 24 Jan 2013 11:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4948 |
Actions (login required)
View Item |