Mitreva, Elizabeta (2011) Целосна посветеност на топ-менаџментот кон системот TQM во македонските високообразовни институциии негово континуирано усовршување. In: III Научно-стручен собир со меѓународно учество, 09.12.2011, Центар за култура – Битола.
Preview |
Text
merged_document.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Глобализацијата овозможува создавање европски простор на
високото образование, со цел да се овозможи заедничко креирање на знаењето и поголема мобилност на студентите и на академскиот кадар.
Во овој труд е дадена интегрална методологија за проектирање на TQM (Total Quality Management) систем во високообразовните институции и негова имплементација во практиката на високото образование, како и активностите што треба да се преземат за градење систем за обезбедување квалитет. Успешноста од примената на TQM
стратегијата зависи од ангажираноста на академскиот кадар и
администрацијата и од нивната мотивација.
Новата TQM стратегија кон квалитетот (Total Quality
Management), бара нови активности на полето на образованието на академскиот кадар, воведување стандардизација на сите процеси,
воведување статистичка процесна контрола заради обезбедување
квалитет и нов пристап во анализата на трошоците. Сето ова бара еден научен, методолошки, плански пристап, упорност и систематичност.
Истовремено, тоа значи драстична промена во однесувањето на
академскиот кадар, радикални промени во организационата
поставеност, јасно дефинирање на правата, обврските и одговорноста на секој поединец.
Клучни зборови: TQM стратегија, интерна стандардизација,
статистичка процесна контрола, обезбедување квалитет, анализа на трошоците, методологии.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Elizabeta Mitreva |
Date Deposited: | 23 Jan 2013 12:01 |
Last Modified: | 23 Jan 2013 12:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4897 |
Actions (login required)
View Item |