Како да се управува со компании – Теорија и практика

Mitreva, Elizabeta (2010) Како да се управува со компании – Теорија и практика. 658.56, xiii . Bigoss, Skopje. ISBN 978-9989-44-7-0

[thumbnail of Kniga Upravuvanje-predni konechen.pdf]
Preview
Text
Kniga Upravuvanje-predni konechen.pdf

Download (509kB) | Preview

Abstract

Глобалната конкурентност во светот наметна силна трка во економскиот прогрес и создавање нови цивилизациски вредности.
Притисокот на пазарот, како главна погонска сила на компаниите, доведе до: зголемување на способноста за работа во натпреварот со конкуренцијата, потребата за ширење и одржување на постојните пазари, зголемување на задоволство на купувачите /корисниците како и подобрување на маркетиншките активности.
Посочените констатации отвораат дилеми:
• дали нашите компании се подготвени за настап на глобалниот пазар?
• колку тие се во состојба да создаваат вредности и да градат деловна култура, како одговор на развојот на конкуренцијата и брзата адаптација на потребите и желбите на купувачите/ корисниците?
• дали имаат изградено систем за менаџмент на квалитет по стандардот ISO 9001:2008, што претставува основа за постојано унапредување на квалитетот?
• дали се подготвени да ја прифатат TQM филозофијата?
Според тоа, неопходна е помош во решавање на проблемите на нашите компании на глобалниот пазар, кој пазар наметна глобален пораст на барањата за градење на уште поцврсти правила.
Состојбата во нашите компании е различна од оние компании во светот кои се темелат на принципите на TQM. Но, охрабрува фактот дека кај нас почнува да се менува ставот спрема квалитетот. Во последните години, од почетокот на воведувањето на пазарните реформи, посебно е нагласен стремежот на нашата земја да се вклучи во европските асоцијации, а со тоа се менува и ставот на врвните менаџери, кои се спремни за постигнување врвен квалитет. За да се достигнат тие стремежи, потребно е, да менаџерите се стекнат со дополнителни теориски и практични знаења кои ќе им помогнат во нивното управување со компаниите.
Обидот да се одговори на овие прашања бара реинженеринг на деловните процеси во компаниите, нов пристап во начинот на размислување и организирање на деловните процеси.
Патот кој води до унапредување на квалитетот на процесите и производите на домашните компании треба да се бара во примена на соодветна методологија за проектирање и имплементирање на TQM системот.
Прифаќањето на новата TQM стратегија значи одговор на прашањата:
• дали мисијата и визијата на топ менаџментот се содржат во политиката на квалитет и се создава клима и информациона база на која може да се развива тимската работа?
• дали управувањето со компаниите се темели на задоволство на сите заинтересирани страни?
• дали е обезбедено управување и мотивирање на вработените преку уважување на нивните индивидуални потреби?
• дали се гради меѓусебна доверба и почит помеѓу топ менаџментот и вработените што ќе доведе до перспектива и одржлив раст на компаниите?
• дали постои поголема партиципација на вработените во идентификација и решавање на проблемите, во самото поставување на стандардите и во напорите вложени за унапредување на деловните процеси, производите/ услугите?
• дали се применуваат методите и техниките за бездефектно производство кои не бараат инвестиции за опрема, нова технологија, туку само научен пристап кон работата?
• дали вработените се доволно обучени да делуваат превентивно во управувањето со деловните процеси?
Ефективноста од промените е во градење на сė поцврсти правила и транспарентност во контекстот на одржливиот развој. Настојувањата да се одржат компаниите на глобалниот пазар е во: промени во технологијата и производството, примената на тоталниот менаџмент на квалитет, стекнување знаење и способност за развој базиран на знаење. TQM стратегијата значи подобрување на квалитетот преку испитување на организациските процеси не само во правец на дефинирање на процесот, подобрување на процесот и дизајн на процесот, туку и подобрување на продуктивноста и оптимизирање на трошоците. Конкурентските предности често се одлучувачки за развојот и користењето на системот за обезбедување квалитет.
Но, за исполнување на светските и европските барања треба да се пристапи кон крупни – радикални промени во решавањето на проблемите, тоа е т.н. реинженеринг, нов начин на размислување за причините, а не како досега за последиците. Стратегискиот менаџмент на компанијата со својата добра волја и упорност треба да ги вклучи сопствените човечки ресурси, со формирање на тимови од сите профили, интегрирајќи ги нивните знаења за да се постигне целосно овладување со квалитетот во сите процеси на претпријатијата, при најмали трошоци на работење.
Нашите менаџери кои се борат со драматичниот пораст на сложените, технолошко, организациски и социјални проблеми, тешко можат да ги сватат модерните трендови во развојот на менаџмент системот темелен на стратегијата на тотално управување со квалитетот (TQM).
Оваа книга има за цел да ја покаже насоката и стратегијата за развој на системски пристап кон квалитетот, со што ќе им се помогне на менаџерите во градењето систем за квалитет и ќе се подигне свеста за квалитетот на сите вработени во компаниите. Тие насоки се: идентификување на желбите и потребите на купувачите/ корисниците, реинженеринг на деловните процеси, мерење на задоволството на сите заинтересирани страни и мерење на деловните резултати, што треба да доведе до унапредување на конкурентноста и ефикасноста, намалување на трошоците и долгорочен одржлив развој на истите.
Па затоа, централно тежиште во оваа книга е примената на новата стратегија на тотален менаџмент на квалитет (Total Quality Management) во нашите компании и нејзината зависност поврзана со градење добар систем за управување со квалитет, примена на статистичка процесна контрола (SPC), анализа на трошоците на квалитет и избор на тимови за реализација на сите дејности, согласно образованието, мотивацијата и способноста на вработените.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 23 Jan 2013 11:54
Last Modified: 23 Jan 2013 11:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4893

Actions (login required)

View Item View Item