Интегрална методологија за проектирање и имплементирање на TQM систем во компании

Mitreva, Elizabeta (2010) Интегрална методологија за проектирање и имплементирање на TQM систем во компании. 005.6, XII . Bigoss, Skopje. ISBN 987-9989-44-149-3

[thumbnail of Kniga Metodologija-predni konechna.pdf]
Preview
Text
Kniga Metodologija-predni konechna.pdf

Download (494kB) | Preview

Abstract

Целта на оваа книга е подетално расветлување на стратегијата на TQM, како нова филозофија која е клучна во градењето систем за тотален менаџмент на квалитет, како и научното согледување за ефектите од проектирањето и инплементацијата на TQM во екстерната адаптација и интерната интеграција на компанијата. Целта на оваа книга е да се постави една добра основа во нашите компании за да се разбере филозофијата на TQM, придобивките што ќе се добијат со имплементација на предлог- методологијата за проектирање и имплементирање на TQM системот и да се постават насоките низ кои треба да поминат компаниите за успешност во примената. Тие насоки се: идентификување на желбите и потребите на купувачите/ корисниците, реинженеринг на деловните процеси, мерење на задоволството на сите заинтересирани страни и мерење на деловните резултати, што треба да доведе до унапредување на конкурентноста и ефикасноста, намалување на трошоците и долгорочен одржлив развој на истите.
Оваа книга има за цел да ја покаже насоката и стратегијата за развој на системскиот пристап кон квалитетот, со што ќе им се помогне на менаџерите во градењето систем за квалитет и ќе се подигне свеста за квалитетот на сите вработени во компаниите.
Дополнителни цели во оваа книга се:
1. да се направи дијагноза и анализа на постоечкиот модел на управување во нашите компании, начинот на надминување и решавање на конфликтните ситуации, степенот на соработка и отвореноста во комуникациите, начинот на комуникации, стилот на лидерството, менаџерските инструменти, неопходноста од образование, примената на иновативни решенија во работењето, посветеноста кон купувачите/ корисниците, вработените, доставувачите, заедницата, како претпоставки во утврдувањето на дијагнозата;
2. да се утврди значењето и предноста од воспоставување систем за квалитет, како поле за развивање различни елементи кои овозможуваат стекнување конкурентска предност;
3. да се докаже важноста од примената на методите и техниките за бездефектно производство, кои со успешна имплементација и со перманентно унапредување, ќе придонесат во развојот и унапредувањето на деловните процеси. Градењето ефикасен систем на квалитет користејќи ги методите и техниките на квалитетот, го зајакнува деловниот потенцијал на организациите, на таков начин што, организацијата се стреми кон целосна посветеност кон корисниците/ купувачите, гради едно повисоко ниво на корпоративна култура, во однос на постоечката состојба. На ваков начин се анализираат сите подрачја кои се клучни во ова истражување, со цел, подобрување на конкурентноста и зголемување на вкупната организациска ефикасност;
4. да се докаже потребата од континуирано подобрување на квалитетот на постоечките производи и процеси користејќи методи и техники за бездефектно работење;
5. да се утврди дали се практикува оптимизација на деловните процеси и анализа на трошоците на квалитет;
6. да се утврди неопходноста од тимската работа преку интегрирање на знаењето на вработените и покренување на мотивациони активности.
Практичната цел на оваа книга е да, врз основа на добиените резултати од истражувањата, кои даваат квалитетни информации на научната и стручна јавност, и SWOT анализата на македонските компании се концепира модел – методологија за успешност во проектирањето и имплементирањето на TQM системот, во нашите - реални услови на работа.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 23 Jan 2013 11:52
Last Modified: 23 Jan 2013 11:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4892

Actions (login required)

View Item View Item