Dimitrova, Janka (2012) Ревизорското мислење за финансиските извештаи во улога на глобален информатор. In: ICBEF – From Liberalization to Globalization, 13-15.09.2012, University “Goce Delcev”- Stip, Faculty of Economics.
Preview |
Text
РЕВИЗОРСКОТО МИСЛЕЊЕ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ВО УЛОГА НА ГЛОБАЛЕН ИНФОРМАТОР.pdf Download (511kB) | Preview |
Abstract
Финансиските извeштаи сочинуваат дел на процесот на финансиското известување. Информациите презентирани во финансиските извештаи во форма на квантитативни бројки, можат да се комбинираат, споредуваат, ставаат во сооднос, за да се добијат показатели и коефициенти кои ќе значат повеќе од бројки, односно да се добијат квалитативни сознанија за работењето на компанијата.
Показателите од финансиските извештаи ги исполнуваат општите потреби на повеќето корисници при донесувањето економски одлуки за да:
- одлучат кога да купат, чуваат или продадат сопственичко вложување;
- го проценат управувањето или одговорноста на менаџментот;
- ја проценат способноста на деловниот субјект да ги плаќа и да им обезбедува други користи на своите вработени;
- го проценат обезбедувањето за износите што му се позајмени на деловниот субјект;
- ги утврдат даночните политики;
- ги утврдат добивките и дивидендите за распределба;
- ја подготват и користат статистиката за националниот доход; или
- ги регулираат активностите на деловниот субјект.
Добро е да се има информации и увид во релевантни и кредибилитетни податоци за работењето на компаниите. Уште подобро ќе биде ако тие информации и податоци се потврдени од луѓе кои се високостручни, професионални, објективни, непристрасни и независни - ревизори. Ревизијата опфаќа испитување и оценка на работењето, организираноста и деловните функции, начинот на донесувањето на деловните одлуки, функционирањето на информацискиот систем кај субјектите на ревизија, како и други прашања значајни за нивното работење.
Со ревизијата, се зголемува кредибилитетот (веродостојноста) на податоците презентирани во финансиските извештаи. Иако, иднината е неизвесна и не може да се предвиди со 100%-на сигурност, сепак, ако предвидувањата се темелат на квалитетни и ревидирани информации, тогаш ризикот од лоши одлуки ќе биде знатно минимизиран.
Техничко-технолошкиот развој, а особено развојот на информациската технологија, овозможија брзо ширење на бизнисот низ целиот свет, со што се избришани или не постојат трговски бариери - граници. Пазарите на производи и услуги, пазарите на хартии од вредност, како и можностите за брзо добивање на употребливи информации (со помош на информациската техника и технологија) им овозможуваат на инвеститорите, банкарите, претприемачите, производителите и сите останати деловни ентитети да го шират својот бизнис низ целиот свет.
Обезбедувањето на потребните информации се врши преку соодветни информациски системи што овозможуваат да се добие слика за постојната финансиска состојба и постигнатите резултати од работењето на деловниот субјект. Во стопанските ентитети главната информативна дејност ја врши сметководствениот систем, па поради важноста на овој систем, неговата организација во сите земји во светот е задолжителна и се стреми кон стандардизирање.
Клучни зборови: ревизорско мислење, финансиски извештаи, стандардизирање, информации, одлуки
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Janka Dimitrova |
Date Deposited: | 23 Jan 2013 14:41 |
Last Modified: | 23 Jan 2013 14:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4866 |
Actions (login required)
View Item |