Dimitrova, Janka (2012) Ќе стане ли реалност професијата овластен сметководител во Република Македонија? In: From Liberalization to Globalization, 13-15.09.2012, Goce Delcev University - Stip, Faculty of Economics.
Preview |
Text
ЌЕ СТАНЕ ЛИ РЕАЛНОСТ ПРОФЕСИЈАТА ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.pdf Download (418kB) | Preview |
Abstract
Барате сметководител?
Еве, можам да бидам јас. Имам компјутер, имам сметководствен софтвер, мајка ми, тетка ми, чичко ми беа сметководители, ми го пренесоа занаетот. Па и не е толку важно што јас по вокација сум (медицинска сестра, машински техничар, гимназијалец, електро инжењер, со основно образование и т.н.). Ќе се снајдам.
Вака досега функционираше сметководствената професија во Македонија. Досегашната законска регулатива бараше само деловниот субјект да одреди кој ќе биде овластениот сметководител без да се води сметка за знаењето, вештините и соодветноста на образованието што го поседува сметководителот.
Сметководството е процес на одржување, ревизија и обработка на финансиски информации за да им помогне на менаџерите, инвеститорите, даночните власти и други носители на одлуки при алоцирањето на ресурсите. Тоа е макотрпна професија која бара исклучителна посветеност за да не се направат пропусти и грешки, кои можат да имат бројни негативни последици како од финансиски така и од деловен аспект. На крајот на краиштата, сметководителите се тие кои индиректно придонесуваат за полнење на државниот буџет кој е неопходен за да може да се покријат сите јавни расходи (буџетската потрошувачка).
Последниве неколку месеци на повидок е подготовка на Закон за вршење на сметководствени работи кој (се надеваме), ќе внесе ред во сметководствената професија како од аспект на професионалноста, знаењето, континуираната едукација, така и од аспект на реалната валоризација на трудот и одговорноста кои на свои плеќи ги носат сметководителите. Всушност најважно од сево ова е постепеното признавање на економскиот факултет како единствен (како што за многу други професии е така, право, фармација, техн.факултети и т.н.) со кој ќе може да се добива звањето сметководител и овластен сметководител. Како што адвокат може да биде само лице со завршен правен факултет, фармацевт со завршен фармацевтски факултет и ревизор со економски факултет, така и овластениот сметководител треба да е само со економски факултет.
Клучни зборови: сметководител, компјутер, софтвер, стручност, посветеност, континуирана едукација
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Janka Dimitrova |
Date Deposited: | 23 Jan 2013 14:40 |
Last Modified: | 23 Jan 2013 14:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4865 |
Actions (login required)
View Item |