За оскултација на новото хидројаловиште на рудникот „САСА" – М. Каменица

Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Popovski, Risto and Krstev, Aleksandar (2008) За оскултација на новото хидројаловиште на рудникот „САСА" – М. Каменица. [Project]

[thumbnail of Project 8 proekt oskultacija sasa 2008 godina.pdf]
Preview
Text
Project 8 proekt oskultacija sasa 2008 godina.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Врз основа на изготвениот Проект за техничко набљудување-
оскултација на новото хидројаловиште на рудникот “Саса” според
постојните законски легислативи и норми може да се изведат следниве
констатации, заклучоци и препораки:
* Во склоп на Проектот се опфатени сите потребни активности за
комплетно дефинирање на визуелната, геодетската, инструменталната и
сеизмичката оскултација според важечките законски прописи како за
висока брана под посебна контрола;
* Типот и начинот на вградување на инструментите предвидени за
инструментална и сеизмичка оскултација треба да бидат прецизно
дефинирани од страна на понудувачот на опремата, додека граничните
големини за мерните величини ќе се определуваат за моменталната
состојба на хидројаловиштето и акумулацијата;
* При понатамошна експлоатација и доизграденост на хидројаловиштето
би требало да се анализира напонско-деформабилната состојба со реални
геомеханички параметри, динамика на градење и степен на консолидација,
додека провирната линија би била дефинирана врз основа на читањата од
постоечката пиезометарска мрежа;
* Инвеститорот е должен да формира екипа и да води дневници во кои ќе
ги евидентира резултатите од техничкото набљудување на
хидројаловиштото согласно временскиот план на набљудување;
* Со оглед на тоа што во сегашни услови се мерат количините на вода кои
истекуваат од дренажите и колекторот заедно, потребно е издвоено
следење на количините на вода од колекторот.
* Количината на мерни инструменти за порни и тотални притисоци и
инклинометри изнесува (8+8+8) од кои 4 инклинометри на сите предвидени35
профили и тоа 4 на 920 мнв и по 2 на 935 мнв и 2 на 940 мнв, а истото се
однесува и за мерните инструменти за порни и тотални притисоци (8+8)
во распоред 4 на на 920 мнв и по 2 на 935 мнв и 2 на 940 мнв.
* Количината на мерните инструменти-пиезометри вкупно изнесува 25, од
кои 6 на круната од браната, 9 по боковите од јаловината-песокот во
возводниот дел од хидројаловиштето и 10 во самото тело на браната, во
ножиците на возводниот дел од хидројаловиштето.
* Тригонометриската мрежа за геодетско снимање со мерни инструменти
ќе се обезбедува со 4 стари мерни места, кои треба да се преместат или
префлат на повисоки коти од сегашните во низводниот дел од браната во
таложното езеро, и 4 нови мерни места на карпестиот дел од возводната
страна на хидројаловиштето.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 14:52
Last Modified: 04 Feb 2013 14:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4792

Actions (login required)

View Item View Item