Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Golomeova, Mirjana (2006) Методи на минералошки испитувања и нивната примена во минерална технологија. [Experiment]
Preview |
Text
Exp. 3 simgalsasa.pdf Download (706kB) | Preview |
Abstract
Под поимот припрема на една минерална суровина се подразбира
отварање и селективно издвојување на минералите. Двете операции се
подеднакво сложени и тесно поврзани, и како такви треба да се
посматраат.
Минералите по својот состав се сложени. Меѓутоа, во најголем број
случаеви нивното присуство во суровината се одредува преку хемиска
анализа на истата. При тоа, пресметката на количината на минералите во
суровината се врши преку теоретскиоте состави на чистите минерали. Тоа
воопшто не одговара на реалноста и не ја објаснува природата на дадениот
минерал.
Познато е дека однесувањето на минералите спрема уситнувањето е
различно и зависи од многу параметри, пред се од физичко - хемиските
карактеристики, средината во која се наоѓа, големината, обликот и
начинот на сраснување, па според тоа оптималното отварање на една
минерална суровина за процесот на концентрација не може да се посматра
преку гранулометрискиот состав или преку одредувањето на тежинскиот
удел на класата -200 меша, како што обично се прави. Зголемувањето на
финоќата на мелење, во извесни случаи, не мора да допринесе и до
подобрување во ослободувањето на корисните минерали, туку едноставно,
може да предизвика смалување на големината на сраснатите зрна и
уситнување на веќе ослободените корисни минерали.
Item Type: | Experiment |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Krstev |
Date Deposited: | 03 Feb 2013 12:23 |
Last Modified: | 03 Feb 2013 12:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4783 |
Actions (login required)
View Item |