Рационално искористување на необновливи ресурси во рудникот за олово и цинк Саса

Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Golomeova, Mirjana and Krstev, Aleksandar (2008) Рационално искористување на необновливи ресурси во рудникот за олово и цинк Саса. [Project]

[thumbnail of OBUKA 10.pdf]
Preview
Text
OBUKA 10.pdf

Download (744kB) | Preview

Abstract

Експлоатацијата на наоѓалиштата на минерални суровини и нивната подготовка
негативно влијаат на животната средина. Минералните суро-вини се појавуваат во сите
категории во животната средина кои треба да ги заштитиме. Потребите за енергетски
суровини, руди, неметали и друго и понатаму се битни, без оглед на помалите или поголеми
регионални депресии на рударството.
Минералните суровини спаѓаат во необновливи ресурси. Иако ин-тензивно се работи
на супституцијата на минералните суровини, физички- от обем на експлоатација постојано
се зголемува, воглавно од две причини:
- поради зголемените потреби на зголемениот број на жители и нивниот стандард;
- поради се послабиот квалитет на минералните суровини шти изискува помасовно
производство;
Фокусот на современото светско рударство дефинитивно се поместува од развиените
европски земји во другите земји на Африка, Азија, Јужна Америка и Австралија. Овие
тенденции не се нови, туку се присутни во последните 40-тина години, а последица се на
многу фактори: недоста-токот на богати наоѓалишта, помали трошкови за работна сила,
високи стандарди за заштита на животната средина во развиените земји итн.
Светското рударство се катрактерзира во овој момент со следните фактори:
- релативно послаби квалитети на резервите на минералните суровини и се
поголемата длабочина за експлоатација;
- висок степен на механизранот на сите процеси при експлоа-тација и
минералната технологија;
- висок степен на искористеност на аоѓалиштата;
- големи вложувања во сигурноста на работата и заштитата на околината;
Тргнувајќи од прифатенте ставови дека животната средина е загрозена поради
осиромашувањето на природните ресурси, ерозијата на природната средина и загадувањето
на околината, може да се констатира дека рударството како човечка активност, негативно
влијае на животната средина со сите свои аспекти. Оваа влијание е понекогаш поголемо
или помало, но е евидентно и неопходно е да се дефинира за секоја рударска единица,
регион или држава.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 15:13
Last Modified: 04 Feb 2013 15:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4777

Actions (login required)

View Item View Item