Krstev, Boris and Fotov, Risto (2005) Менаџментот во Рудникот за олово и цинк Саса. [Project]
Preview |
Text
OBUKA 4.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
При планирањето, менаџерите размислуваат, предвидуваат прогнозираат, прават
планови и буџети и ги предвидуваат случаите во иднината што подобро. Планирањето како
функција на менаџментот, што ја извршува менаџерот, значи гледање нанапред, процес на
предвидување и планирање на деловните активности. Менаџерот мора да ја предвиди иднината и
да ги планира идните активности на организацијата, создавајќи услови за нивно непречено
одвивање. За организацијата да функционира адекватно, треба да постои план кој ќе се одликува
со единственост, континуираност, флексибилност и прецизност.
Од планирањето произлегуват задачите, целите и деловните политики кои што треба да
бидат извршувани. Од планирањето (односно поставувањето на: задачите, целите, политиките) ќе
зависи и тоа како организацијата (претпријатието) ќе ги координира активностите, а исто така,
како ќе бидат водени, а пред с# мотивирани работниците. И на крајот многу зависи како ќе се
извршува она што е планирано како задачи, цели и политики, бидејќи истото се се утврдува преку
контролирањето. Од сето ова може да се заклучи дека планирањето е главна функција во
менаџментот и од него зависат сите други функции. Затоа, менаџерот, не треба да дозволи да се
јават проблеми во планирањето, туку напротив мора да постои единственост, односно
плановите да бидат разбирливи, сигурни, сите делови на организацијата да се сигурно споени
заедно, да се ускладени; да бидат континуирани, односно да се користат подеднакво краткорочни
и долгорочни предвидувања и истите да бидат ускладени со сите делови во организацијата; да
бидат флексибилни, односно да можат да се адаптираат и променуваат во согласност со
околностите; да бидат прецизни, односно точни во предвидувањето на тековите на активностите.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Krstev |
Date Deposited: | 04 Feb 2013 14:59 |
Last Modified: | 04 Feb 2013 14:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4773 |
Actions (login required)
View Item |