Krstev, Boris and Mirakovski, Dejan and Despodov, Zoran (2005) Влијание на животната средина при експлоатација во јамите. [Project]
Preview |
Text
KrstevMirakDesp OBUKA1.pdf Download (732kB) | Preview |
Abstract
Јавното претпријатие за подземна експлоатација на јаглен се наоѓа во состав
на Електростопанство на Србија од 1990год. Во овој состав влегуваат осум рудници
со тринаесет производни единични-јами. До 1990год. Рудниците беа самостојни
претпријатија и ја претставуваа главната стопанска дејност, тогаш, а и сега во слабо
развиените општини во Србија. Во текот на процесот на производство наидуваа на
многу тешкотии кои произлегувале од сложените услови на експлоатација. Но и
покрај доскорашните надворешни санкции, рудниците успешно работеа. Најголем
пад на производството, за околу 20%, дојде 1994год. напрема 1990год. Но сепак
произведените количини на јаглен тогаш допринеле да се подмират некои витални
енергетски потреби (индустријата и домаќинствата).
Сите рудници се наоѓаат во живописни предели и туристички места и објекти
(Соко бања, Ресавска пештера, манастирите Манасија, Студеница, Раваница и др.).
Наведениве факти ја потенцираат потребата за заштита на природата, како
од еколошко така и од економско гледиште. Праксата покажала дека подземната
експлоатација на јаглен има помалку влијание на животната средина во однос на
останатата индустрија.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Krstev |
Date Deposited: | 03 Feb 2013 12:08 |
Last Modified: | 03 Feb 2013 12:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4772 |
Actions (login required)
View Item |