Сузбивање на трговијата со луѓе – со посебен осврт врз трговија со малолетни лица

Maksimova, Elena (2011) Сузбивање на трговијата со луѓе – со посебен осврт врз трговија со малолетни лица. Masters thesis, Univerzitet Kiril i Metodij, Skopje.

[thumbnail of Магистерски труд Елена Иванова.pdf]
Preview
Text
Магистерски труд Елена Иванова.pdf

Download (783kB) | Preview

Abstract

Либерализацијата на сфаќањата и односите, ослободувањето на сексуалноста од стегите на примитивизмот и традиционалноста доведува до рапиден пораст на проституцијата како социо-патолошка појава, која нужно ја стимулира и појавата на криминалитетот трговија со луѓе. Посебно загрижувачка е појавата на една нова димензија на трговијата со луѓе – трговија со малолетни лица. Децата, покрај жените, во меѓународните документи, се почесто добиваат статус на "посебно заштитени лица" што, со оглед на насоката во која се развива овој криминалитет, е и повеќе од оправдано. Слободно може да се каже дека трговијата со малолетници е индустрија во развој.
При анализирањето на законската уреденост на материјава во Балканските држави, Република Македонија предничи меѓу соседите, првенствено со ригорозните казни предвидени за сторителите, како и поради одделното ангажирање околу сузбивањето на трговијата со малолетници, како законодавно така и практично. Перманентното подобрување на целокупното законодавство вклучено во сузбивањето на трговијата, е нужност произлезена од живоста на материјата и постојаното развивање на нови облици и подоблици на делото кои меѓународната сцена исто така, во чекор, ги следи.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 21 Jan 2013 15:14
Last Modified: 16 Dec 2024 10:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4703

Actions (login required)

View Item View Item