Моделирање на лидерство со високи перформанси - со осврт во здравствените институции

Paparova, Elizabeta (2011) Моделирање на лидерство со високи перформанси - со осврт во здравствените институции. Masters thesis, University ,,Goce Delcev,,- Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_економски цд_MAGISTERSKA-BETI PAPAROVA.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_економски цд_MAGISTERSKA-BETI PAPAROVA.pdf

Download (959kB) | Preview

Abstract

Лидерството со високи перформанси е еден од клучните фактори кои
влијаат врз развојот на организацијата, без разлика дали се работи за
организација чиј продукт се материјални добра или се работи за услужна
организација.
Динамичниот развој на општеството наметнува потреба од лидери и тоа
лидери кои се одликуваат со високи перформанси кои позитивно вршат
ефектуирање врз вработените во организацијата. Влијанието врз останатите,
лидерот со високи перформанси, го постигнува благодарејки на карактеристиките
кои го одликуваат, а во кои спаѓаат:љубов кон работата и кон луѓето,чесност,
самодоверба, знаење, интелигенција, доверба, комуникативност, реалност,
демократичност, разумност, почитување и други вистински трајни вредности.
Влијанието врз останатите е влијание кое лидерот со високи перформанси го
постигнува без принуда. Карактеристиките кои го одликуваат лидерот со високи
перформанси е основната моќ која влијае врз вработените така што се создава
доверба, почит и реализација на ефективни активности насочени кон остварување
на промени и постигнување на утврдените цели на организацијата, а со самото
тоа и изградба на организација со високи перформанси.
Целта на овој труд е да се осознаат вистинските трајни вредности кои треба
да ги преферира лидерот во организациите, со посебен осврт на лидерите во
здравствените установи, а тоа се вредности кои се карактеристика на лидерство
со високи перформанси.
Клучни зборови: вредносен систем, вистински вредности, ефектуирање,мотивација, комуникација, визија, промени, цели.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 06 Nov 2012 11:35
Last Modified: 06 Nov 2012 11:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/458

Actions (login required)

View Item View Item