Развојната тенденција и корелациска зависност на заразните болести и населението во Република Македонија и окружувањето и нивното влијание врз економските ефекти на организациите

Tosev, Aleksandar (2011) Развојната тенденција и корелациска зависност на заразните болести и населението во Република Македонија и окружувањето и нивното влијание врз економските ефекти на организациите. Masters thesis, University Goce Delcev - Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_економски цд_magidtarska_aleksandar_tosev.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_економски цд_magidtarska_aleksandar_tosev.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Основен мотив при изработката на трудот беше проучувањето на заразните болести, кои се јавуваат како фактори за намалување на ефикасноста во работењето.
За таа цел извршивме нивно идентификување, анализирање, прогнозирање и предлагање на мерки за нивно минимизирање во насока на подобрување на ефикасноста во работењето.
Во денешно време посебно се следат и се проучуваат хроничните болести за кои може да се рече дека епидемиски се појавуваат.
Според своите карактеристики, тоа се постојани болести кои бараат долготрајно, понекогаш и доживотно лечење и стручен надзор, истовремено и социјална рехабилитација, оставајќи често и трајни последици (ограничена или трајна неспособност за работа).
За согледување на состојбите на заразните болести во Република Македонија и окружувањето, нивната динамика во изминатиот повеќегодишен период и нивното прогнозирање за наредниот период од неколку години, користени се методите на пресметка на: централните тенденции, стапката на морбидитет, сезонските индекси, корелационата зависност со населението во Република Македонија и окружувањето.
На крајот, врз основа на претходните испитувања на појавите, донесени се соодветни заклучоци за причините кои што предизвикале намалување, елиминирање или редуцирање на заразните болести, како резултат на примена на сè поголем број заштитни мерки, напредокот во медицината и подигањето на свеста кај луѓето и влијанието врз успехот на работењето.
Клучни зборови: заразни болести, стапка на морбидитет, корелациона зависност, развојните тенденции, сезонски индекси.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 06 Nov 2012 11:35
Last Modified: 19 Nov 2012 14:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/457

Actions (login required)

View Item View Item