Варијабилност на некои квалитетини својства на семето кај пченицата

Ilieva, Verica and Mitrev, Sasa and Karov, Ilija and Markova Ruzdik, Natalija and Todorovska, Elena (2011) Варијабилност на некои квалитетини својства на семето кај пченицата. Годишен зборник 2011, Yearbook. ISSN 1409-987X

[thumbnail of Варијабилност на некои квалитетни својства на семето кај пченицата.pdf]
Preview
Text
Варијабилност на некои квалитетни својства на семето кај пченицата.pdf

Download (421kB) | Preview

Abstract

Испитувани се квалитетните својства на семе од пет сорти мека пченица (мила, миленка, лепокласа, радика и победа), подготвено за сеидба во 2011 и 2012 година. Испитувањата се вршени на просечни примероци кои се земени од десет случајно избрани партии на семе од категоријата С1 кај сите пет сорти. Во трудот се прикажани резултатите за вкупна ‘ртност, абнормално семе, тврдо семе, свежо семе, мртво семе,
маса на 1.000 зрна и содржина на влага во семето. Добиените резултати се во границите на пропишаните законски вредности и покажуваат дека семето има одличен квалитет. Вкупната ‘ртност, масата на 1.000 зрна и
содржината на влага во семето имаат ниска варијабилност (0,95%, 7,60% и 10,60% како што следи). За абнормалното семе е пресметана висока варијабилност (43,02%), како и за свежото семе (31,72%), а тврдото и мртвото семе се карактеризираат со многу висока и исклучително висока варијабилност (62,76% и 132,72%). Испитувањата се спроведени во Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина при Катедрата за заштита на растенијата
и животната средина на Земјоделскиот факултет во Штип. Лабораторијата е акредитирана согласно со стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 за повеќе методи, меѓу кои и методите за испитување на квалитет на семе од земјоделски растенија.

Item Type: Article
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Verica Ilieva
Date Deposited: 26 Dec 2012 12:19
Last Modified: 23 Feb 2015 12:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4519

Actions (login required)

View Item View Item