Golomeov, Blagoj (2012) Месечно-годишна оскултација на објектите од флотациското хидројаловиште во Рудникот за олово и цинк Саса. [Project] (Unpublished)
Preview |
Text
Mesecen_izvestaj-11.2012.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Јаловиштето на рудникот „Саса” во М. Каменица служи за одлагање на флотациската јаловина (пулпа) добиена со технолошкиот процес - флотација на минералите на олово и цинк. Флотациската јаловина преку пулповод гравитационо се доведува до јаловиштето, каде што пред депонирањето се класира на два производа. Со хидроциклонирање на флотациската јаловина, пред депонирањето се добива: песок од хидроциклонот, со кој, со природно одлагање, се изведува низводната брана на јаловиштето, и прелив од хидроциклонот, со кој се заполнува таложното езеро на јаловиштето. Според Изведбениот проек за хидројаловиште “САСА” – М. Каменица за II фаза до кота 960 мнв, изработен од страна на Градежен факултет – Скопје во Јуни 2006 г. и Изведбаниот проект за надвишување на хидројаловиштето бр.3, фаза II, на Рудник Саса ДООЕЛ– М.Каменица, од кота 960 мнв до максимално можно ниво, за годишно производство од 900,000 t руда, исто така, изработен од страна на Градежен факултет – Скопје во Март 2011 г., низводната брана од песок на јаловиштето е предвидено да се насипува во влажна состојба, во слоеви од 2.5 м, со широчина во круната од 5.0 м, и со наклони на косините - возводна м1 = 1.5 и низводна м2 = 2.75, со надвишување од 2.0 м над таложното езеро.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Environmental engineering Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Blagoj Golomeov |
Date Deposited: | 26 Dec 2012 13:11 |
Last Modified: | 26 Dec 2012 13:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4504 |
Actions (login required)
View Item |