Kitanova, Irena (2010) Комплексната постапка за обработка на буква како креативност во образовниот развој. Зборник на апстракти - Петти научен собир „Образование за хумано општество".
Preview |
Text
Abstrakt_28_29_2010.pdf Download (280kB) | Preview |
Abstract
Човековата потреба да сознава и соопштува, да ја исполнува сопствената личност, многу зависи од читањето и пишувањето. Неписменоста значи оддалеченост од духовната благосостојба која ја овозможува пишаниот т.е. печатениот збор, социјален, културен и технички хендикеп. Воведувањето во вештините на читањето и пишувањето значи ученикот да се оспособи да го разбере интелектуалниот, личниот и духовниот животот. Затоа е важно ученикот од прво одделение да почувствува потреба да научи да чита и пишува, и задачата да му претставува радост, а не оптоварување. Во практиката наидуваме на многу методи за почетно читање и пишување, што зборува за значењето кое го има оваа проблематика. Рановидноста во тој поглед е сосема оправдана, бидејќи изборот на методи зависи од многу фактори, меѓу кои најпресудни се односите на структурата и природата на јазикот на еден народ. Целта на современите методи е ученикот што поедноставно, побргу и поефикасно да научи да чита и пишува.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Irena Kitanova |
Date Deposited: | 25 Dec 2012 14:10 |
Last Modified: | 11 Jun 2013 07:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4472 |
Actions (login required)
View Item |