Поглед на лексиката на Пулевски и обид за нејзина актуелизација

Nikolovska, Violeta (2003) Поглед на лексиката на Пулевски и обид за нејзина актуелизација. Воспитание - Списание за теорија и практика (2003-04) (4-5). pp. 101-105. ISSN 2009

[thumbnail of ПОГЛЕД НА ЛЕКСИКАТА НА ПУЛЕВСКИ И ОБИД ЗА НЕЈЗИНА АКТУЕЛИЗАЦИЈА.pdf]
Preview
Text
ПОГЛЕД НА ЛЕКСИКАТА НА ПУЛЕВСКИ И ОБИД ЗА НЕЈЗИНА АКТУЕЛИЗАЦИЈА.pdf

Download (426kB) | Preview

Abstract

Во една наша статија (презентирана усно на Научниот собир „Македонскиот јазик во јавното општење“, одржан во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, на 18. и 19. февруари 1999г.) се осврнавме на денешната состојба во која живее македонскиот јазик. Се осврнавме пред сè, на огромниот наплив на англизми во современиот јазик. Напати, се забележува дека се случува нешто што е не само лексичко внесување, увезување, туку е еден вид на промена на кодот (овој термин „промена на кодот“, за префрлување, во еден исказ, од еден јазик на друг, се употребува од различни автори; токму во врска со нашава тема, в. Викторија Херсон Фин, 1995). Се употребуваат, особено меѓу младите, цели реченици или фрази на англиски јазик. Во споменатото излагање го поставивме прашањето што да се прави, каков да биде нашиот став кон оваа појава и приведовме две крајности: едната - претерана пасивност кон оваа навала на англизми, што ја нарековме јазичен конформизам, а другата - стремеж за претерано чистотништво, што го нарековме јазичен пуризам.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 24 Dec 2012 12:11
Last Modified: 11 Jun 2013 12:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4327

Actions (login required)

View Item View Item