Патот на денарот по прифаќање на еврото

Sajnoski, Krste (2011) Патот на денарот по прифаќање на еврото. Зборник на научни трудови, Меѓународен дијалог: исток - запад, (култура, славјанство и економија). pp. 311-315.

[thumbnail of megunaroden_dijalog_k.sajnoski.pdf]
Preview
Text
megunaroden_dijalog_k.sajnoski.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Проблемите во кои западна единствената валута на еврозоната поради непочитување на договорените критериуми околу дефицитното финансирање и задолжување на државите членки не се причина поради која Република Македонија треба да се откаже од ориентацијата на интегрирање на Европската Унија, која вклучува и прифаќање на еврото како национална валута. Тоа е патот за натамошно, рацинално вклучување на македонското стопанство во меѓународната поделба на трудот, врз основа на јакнење на довербата на резидентите и на нерезидентните во денарот. Независно од судбината на еврото останува да се интезивираат напорите во стопанството на Република Македонија за забрзување на извозно ориентиран раст, како основа за подолгорочен одржлив развој и стабилност на националната валута. Притоа, суштествено е да се сфати дека овој пат не е ниту брз ниту лесен, а најмалку само прашање на декларирање за прифаќање на обврските. Се работи за поминување низ процес на преструктурирање и јакнење на стопанството до ниво да може да се носи со конкуренцијата од земјите во еврозоната, од земјите во Европската Унија и од другите земји, а притоа земјата да остварува задоволителен раст на БДП и на вработувањето (исполнувајќи ги обврските од договорите за функционирање на еврозоната). Во оваа насока неопходна е брза промена на макроекономската политика на стабилизација во земјата, а во тој контекст и на монетарната стратегија за таргетирање на девизниот курс. Промената треба да се направи истовремено. Македонија како мала земја треба да изгради јасна извозно ориентирана стратегија за развој и истата да ја поддржи со мерки и активности што се дозволени од страна на Светската трговска организација и со ослободување на девизниот курс од улогата на номинално сидро на внатрешната макроекономска стабилност.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Krste Sajnoski
Date Deposited: 21 Jan 2013 14:26
Last Modified: 10 Jun 2013 13:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4055

Actions (login required)

View Item View Item