Методи на испитувања во минералната технологија

Golomeova, Mirjana and Golomeov, Blagoj (2012) Методи на испитувања во минералната технологија. Универзитет ”Гоце Делчев” – Штип, Штип. ISBN 978-608-4504-80-1

[thumbnail of detal.php_id=133&isbn=978-608-4504-80-1&nazad=Фак�%83л�%82е�%82+за+п�%80и�%80одни+и+�%82е�%85ни�%87ки+на�%83ки&download=15] Text
detal.php_id=133&isbn=978-608-4504-80-1&nazad=Фак�%83л�%82е�%82+за+п�%80и�%80одни+и+�%82е�%85ни�%87ки+на�%83ки&download=15

Download (22kB)

Abstract

Минералните суровини се природни минерални материи од органско и неорганско потекло, кои во услови на современ развој на техниката и технологијата може економично да се користат во природна состојба или по одредена нивна подготовка, преработка и обработка.
Во процесот на издвојување на корисните минерали од
една суровина секогаш треба да бидат присутни испитувања кои
ќе укажат на ефикасноста на издвојување на одделните
минерали со применетите постапки на концентрација. Овие
испитувања се специфични, поради тоа што мора да се познава
технолошкиот процес и во склоп на истиот да се предвидат
испитувања кои ќе обезбедат полна контрола на применетата
технологија од аспект на природата на суровината и ќе укажат на
однесувањето на одделните минерали во сите фази на
концентрацијата.
Испитувањата на минeралната суровина во процесите на
минералната технологија опфаќаат низа од различни активности
кои се однесуваат на одредувањето на сите својства на
минералната суровина и минералните компоненти, со цел да се
решат проблемите врзани со сите операции на технолошкиот
процес. Сите методи на
испитувања треба да бидат приспособени на потребите на
минералната технологија и да имаат пресудно значење при
оценката на квалитетот на една суровина и изборот на
технологијата за нејзина преработка.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Afrodita Zendelska
Date Deposited: 19 Dec 2012 15:18
Last Modified: 19 Dec 2012 15:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3965

Actions (login required)

View Item View Item