Isahi Paloshi, Ardijana and Ilievska, Nadica and Metodijeski, Dejan (2026) Угостителство и туризам: Прирачник за реализација на активности од STEM вештини. Центар за развој на стручното образование, Скопје.
Ugostitelstvo i turizam - Priracnik za realizacija na aktivnosti od STEM vestini.pdf
Download (3MB)
Abstract
Целта на изработениот прирачник за одржливо и дигитално учење е да понуди практична и современа поддршка за реализирање на наставата од стручното образование во секторот угостителство и туризам.
Прирачникот е наменет пред сè за наставниците во стручните угостителско-туристички училишта кои реализираат предмети од I година и тоа: Основи на туризам, Основи на угостителство, Деловна комуникација и Хигиена и екологија.
Прирачникот, исто така е наменет и за учениците, кои преку него ќе добијат јасни насоки, чекори и мотивација за вклучување во реални и интерактивни задачи.
Тој е применлив и за теренска и практична настава, како и за различни проектни активности поврзани со наставните програми.
Прирачникот е структуриран по наставни предмети, модуларни единици, резултати од учење и наставни активности, каде секоја активност е разработена по логични етапи: вовед, објаснување, практична задача, дискусија и домашна работа.
Секоја активност содржи конкретни чекори за реализација, предлог алатки и задачи што можат да се реализираат.
Посебен фокус на прирачникот е ставен на развој на зелени вештини (одржливост и еколошки практики) и дигитални вештини (користење софтвери, апликации, програми, дигитална комуникација и др.). Преку вакви активности, учениците се поттикнуваат да станат одговорни професионалци во иднина, кои ќе знаат како да ја заштитат природата, да планираат паметно и да работат со современи дигитални технологии.
Прирачникот за одржливо и дигитално учење претставува наставно помагало за постигнување на резултатите од учење од четири наставни програми и се состои од содржини соодветни на модуларните единици предвидени во програмите, и тоа:
1. Основи на туризам
2. Основи на угостителство
3. Деловна комуникација
4. Хигиена и екологија
| Item Type: | Other |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
| Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
| Depositing User: | Dejan Metodijeski |
| Date Deposited: | 02 Nov 2026 12:08 |
| Last Modified: | 02 Nov 2026 12:08 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39360 |
