Vitanova-Ringaceva, Ana and Dimitrov, Aleksandar (2026) Планината како егзистенцијален и митски симбол во расказите на Видое Подгорец. Зборник на трудови IV Меѓународен научен симпозиум Локалните културни обележја како топоси во книжевноста за деца по повод јубилејот 90 години од раѓањето на Видое Подгорец, 150 (3). pp. 37-44.
Планината како егзистенцијален и митски симбол..Рингачева и Димитров.pdf
Download (610kB)
Abstract
Овој труд ги анализира расказите на Видое Подгорец со посебен фокус на симболичкото и митското значење на планината и дрвото како доминантни асоцијативни точки поврзани со детството и сеќавањето. Детството во неговата проза се интерпретира како иницијациско патување и почетна фаза на процесот на созревање, кој е тесно поврзан со планинскиот простор, особено со Беласица. Планината се појавува како амбивалентен простор – истовремено засолниште од надворешниот свет и симболична граница меѓу различни егзистенцијални и духовни сфери. Нејзината големина и недостапност ја поставуваат како метафора на искушение и надминување на навидум непремостливото. Воедно, таа се воспоставува како извор на живот и како егзистенцијална основа, во буквална и преносна смисла, како за книжевните ликови, така и за авторот. Целта на трудот е да се покаже дека Подгорец ја обликува планината како повеќезначен симбол, асоцијативно поврзан со митската концепција за „оската на светот“ (axis mundi)
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Ana Ringaceva |
| Date Deposited: | 08 Oct 2026 08:22 |
| Last Modified: | 08 Oct 2026 08:22 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39241 |
