Анализа на состојбата со текстилниот отпад

Paneva, Ana and Panev, Kristijan and Sharkovski, Boris and Longurova, Nevenka and Hadzi-Vasileva, Kristina (2025) Анализа на состојбата со текстилниот отпад. Other. АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности.

[thumbnail of Analiza-tekstilen-final-1.pdf] Text
Analiza-tekstilen-final-1.pdf

Download (3MB)

Abstract

Транзицијата кон зелена економија е клучна за подобрување на условите за живе-
ење, за економскиот раст на државата и за исполнување на целта на ЕУ за климатска
неутралност до 2050 година. Зелената економија придонесува кон ублажување на кли-
матските промени и зачувување на здрави екосистеми, преку намалување, повторна
употреба и рециклирање на отпадот.
Текстилната индустрија во Северна Македонија е една од водечките економски
гранки, со околу 30.0001 вработени и повеќе од 500 милиони евра годишен извоз. Таа
има значајно влијание врз животната средина, со годишно создавање на околу 35.0002
тони текстилен отпад. Официјално, евидентирани се само околу 6.500 тони, односно
оној дел што се селектира и посебно се бележи. Од ова, приближно 2.800 тони отпад
потекнуваат од индустријата, а околу 3.700 тони од домаќинствата (износени алишта).
Соодносот помеѓу индустрискиот и секундарниот текстилен однос и кај проценката од
35.000 тони годишно е приближно ист, околу 43 % од индустријата и 57 % од домаќин-
ствата. Отпадот од домаќинствата, покрај тоа што учествува со поголем процент, прет-
ставува сериозен еколошки проблем, но воедно е потенцијал за искористување како
евтина суровина за производство на нови материјали со додадена вредност.
Законот за управување со посебни текови на отпад3 воведува систем за собирање и
повторна употреба на текстилниот отпад, со јасни обврски за производителите, тргов-
ците и институциите. Неговата цел е да се намали негативното влијание на текстилни-
от отпад врз животната средина и да се стимулира развој на пазар за рециклирање и
повторна употреба. Законот за проширена одговорност на производителот4, исто така
дава јасни насоки кој е одговорен за собирање и третирање на текстилниот отпад. Се-
пак, во Македонија селекцијата на отпад сè уште е во зародиш. Во најголем број општи-
ни, одделно се собираат стакло, пластика и хартија, најчесто преку соработка со при-
ватни иницијативи. Јавните претпријатија вложуваат ограничени напори за подигање на
јавната свест кај домаќинствата, но најчесто целиот отпад завршува на истата депонија,
без да се оддели. Оставено е граѓаните ако сакаат да селектираат да го однесат во по-
ставените садови за собирање отпад поставени од приватни претпријатија/иницијативи.
Се очекува со изградбата на регионални депонии да започне посистематска селекција и
рециклирање на отпадот.
Во светски рамки, традиционалната економија – „земи, направи, употреби, фрли и
загади“ се заменува со регенеративниот модел на циркуларна економија. Овој модел
овозможува отпадот во секоја фаза од животниот циклус на производите да се намали,
повторно да се употреби или да се рециклира, со што се обезбедува одржлив развој и
подобар квалитет на живот. Оваа анализа покажува дека системот за управување со текстилниот отпад во Репу-
блика Северна Македонија сè уште се наоѓа во почетна и фрагментирана фаза на раз-
вој. Иако во последните години се воспоставени важни законски инструменти, особено
Законот за управување со отпад, Законот за дополнителни текови на отпад, Законот за
проширена одговорност на производителите и подзаконските акти кои го опфаќаат тек-
стилот, нивната имплементација е ограничена поради недоволна институционална ко-
ординација, слаби инспекциски капацитети и недостиг на инфраструктура за селекција
и рециклирање. Само мал број општини имаат воспоставено соработка со колективни
постапувачи, а одделното собирање на текстилниот отпад е присутно во многу мал дел
од локалните самоуправи. Во пракса, најголемиот дел од текстилниот отпад завршува на
депонии заедно со комуналниот отпад, без можност за повторна употреба или преработ-
ка.
Сумирано, наодите укажуваат дека државата има воспоставена правна рамка, но ѝ
недостасува функционален систем, координирана имплементација и долгорочна стра-
тегија што ќе овозможи текстилниот отпад да се претвори од проблем во ресурс. До-
полнително, анализата укажува на низа структурни и општествени предизвици кои го
отежнуваат развојот на циркуларната економија во текстилниот сектор. Недостигаат
стимулации за компаниите и општините, јавните претпријатија се соочуваат со ограниче-
ни финансиски и технички капацитети, а јавната свест за селекција и рециклирање е на
ниско ниво. Граѓанските организации и донаторите се покажуваат како главни носители
на иновативни и едукативни иницијативи, но нивното дејствување е најчесто проектно и
недоволно системски поддржано. Исто така, родовата перспектива целосно изостанува
од политиките и практиките за управување со отпад, иако жените се значително заста-
пени во текстилната индустрија и потенцијално би можеле да бидат клучен фактор во
развојот на циркуларната економија.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ana Zdraveva
Date Deposited: 06 Oct 2026 09:37
Last Modified: 06 Oct 2026 09:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39230

Actions (login required)

View Item
View Item