Атосибан во превенција на предвремено породување - клинички аспекти

Stojcevska, Meri and Kamceva, Gordana (2026) Атосибан во превенција на предвремено породување - клинички аспекти. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 76 (4). pp. 431-436. ISSN 2545-4439

[thumbnail of ATOSIBAN+IN+PREVENTION+OF+PREMATURE+BIRTH+-+CLINICAL+ASPECTS.pdf] Text
ATOSIBAN+IN+PREVENTION+OF+PREMATURE+BIRTH+-+CLINICAL+ASPECTS.pdf

Download (942kB)

Abstract

Предвременото породување претставува водечка причина за неонатален морбидитет и морталитет. Токолитичната терапија има клучна улога во одложување на породувањето, со цел да се овозможи примена на кортикостероиди и подобрување на неонаталниот исход. Атосибан, како селективен антагонист на окситоцинските рецептори, се користи како еден од современите токолитици со поволен безбедносен профил.
Цел: Трудот има за цел да ја анализира клиничката примена и исходите од употребата на атосибан во превенција на предвремено породување кај пациентки третитани во услови на перипартална интензивна нега.
Материјали и методи: Овој труд представува ретроспективна анализа на пациентки третирани со атосибан во тек на две години, на одделот за перипартална интензивна нега при ЈЗУ “ГАК”-Скопје. Анализирани се бројот на аплицирани дози, гестациска недела при прием, типот на бременост и исходот од бременоста.
Резултати: Во период од две години, 192 пациетки биле третитани ао атосибан. Најчеста гестациска недела за примена била 32 односно 33-тата гестациска недела. Доминирале единечните бремености наспроти близначката бременост. Според исходот, пациентките биле испишани од болница, а според начинот на породување почесто со царски рез наспроти спонтано породување.
Заклучок:Атосибан покажува значајна ефиканост во одложување на предвременото породување, особено кога се применува во раните третмански протоколи и во оптимален гестациски период. Неговата употреба овозможува стабилизација на значителен број пациентки и потенцијално подобрување на перинаталниот исход. Понатамошни студии се потребни за подетална евалуација на долгорочните ефекти и компарација со други токолитични агенси.
Клучни зборови: атосибан, предвремено породување, превенција

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 09 Sep 2026 07:47
Last Modified: 09 Sep 2026 07:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38965

Actions (login required)

View Item
View Item