Piperevski, Aleksandar and Balabanova, Biljana (2025) Валидација на модифицирана спектрофотометриска метода за определување на органскиот јаглерод во почва. In: Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 12 Nov 2025, Stip.
Книга на апстракти VI студентска конференција.pdf
Download (985kB)
Презентација Критични прашања во земјоделството и животната средина.pdf
Download (1MB)
Abstract
Органскиот јаглерод во почвата (SOC) претставува значаен индикатор за проценка на квалитетот, плодноста и биогеохемиската функционалност на почвата. Тој има значајна улога во процесите на складирање и циркулација на хранливи материи. Прецизното и ефикасно определување на (SOC) е од клучно значење за мониторинг на животната средина и за развој на одржливи земјоделски практики. Во ова истражување е направена валидација на модифицирана спектрофотометриска метода, изведена од класичната Walkley-Black метода, за квантитативно определување на органски јаглерод во почвени примероци. Методата се базира на оксидација на органските материи од почвата со раствор од калиум дихромат во присуство на концентрирана сулфурна киселина. Притоа настанува редукција на Cr6+ во Cr3+ и промена на бојата на растворот од портокалова во зелена. Интензитетот на добиената боја на растворот се мери на бранова должина од 600 nm. Валидацијата е извршена со стандардни раствори на сахароза во опсег од 1 % до 8 % органски јаглерод (OC), при што беше добиен висок степен на линеарност (R² = 0.9998). Валидацијата ги опфати параметрите: граница на детекција (LOD), граница на квантификација (LOQ), прецизност (интра- и интердневна), точност, повторливост и репродуцибилност. Релативната стандардна девијација (RSD) беше помала од 5 %. Точноста е потврдена преку метода на стандарден додаток во сертифицирана стандардна почва BIPEA, покажа принос помеѓу 99,5 % и 104 %, што укажува на висока аналитичка сигурност и минимално влијание на матриксот. Методата беше успешно применета на 24 реални почвени примероци од лозови насади, при што содржината на органски јаглерод се движеше во опсег од 1,1 % до 2,1 %, што ја потврдува нејзината применливост за рутинска лабораториска анализа. Со оглед на високата точност, прецизност и намалената употреба на токсични реагенси, методата претставува еколошки прифатлива и економски ефикасна алтернатива за определување на органскиот јаглерод во почва.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
| Divisions: | Faculty of Agriculture |
| Depositing User: | Aleksandar Piperevski |
| Date Deposited: | 27 Aug 2026 09:46 |
| Last Modified: | 27 Aug 2026 09:46 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38928 |
