За детските дружини низ призмата на фолклорната фантастика

Denkova, Jovanka (2026) За детските дружини низ призмата на фолклорната фантастика. Современи дијалози, XIV (18). pp. 61-69. ISSN 1857-940Х

[thumbnail of Sovremeni dijalozi 2026.pdf] Text
Sovremeni dijalozi 2026.pdf

Download (771kB)

Abstract

Интригантниот наслов на книгата „Брзоплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска , го воведува читателот во дело кое се гради низ една авантуристичка призма на дружината составена од пет исклучително свои/интересни деца: Змејски Очи, Гризли, Лили, Канџа и Зиги здружени во дружина која во многу нешта наликува на онаа на Петар Пан. Здравиот хумор и поентата токму со смрдливите чорапи на Канџа да се уништи вештерката е скоро блиску до лудизмот на светските класици за деца.
Делото започнува со претставување на едно петгодишно дете Оливер Томпсон Мекензи (трети) од Шкотска кое одбива да се капе во недела и со тоа ги збунува своите родители, кои се обидуваат да го залажат со разни работи, но тој цврсто стоел на својот став дека нема да се капе по ниту една цена. Кога конечно, признал зошто не сака да се капи, им раскажал приказна за еден настан кој го чул од неговиот братучед Чарли Ливингстон Рајли-Браун, кој, пак, еден ден поминувајќи низ паркот наслушнал две деца како со неверување читаат писмо пристигнато од Мадагаскар каде што нивниот далечен пријател Томи слушнал за еден настан во дневните вести. Токму тој Томи бил братучед на Гризли, и со тој податок авторката ги воведува читателите во дејството запознавајќи ги со членовите од најпознатата дружина од улицата Брзоплетковска 63.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 26 Aug 2026 08:05
Last Modified: 26 Aug 2026 08:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38919

Actions (login required)

View Item
View Item