Kamceva Panova, Lidija and Mitev, Zoran (2026) Монографија: Шест децении светлина на знаењето (со посебен осврт на периодот 2016 – 2026). Documentation. НУ - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев", НУ - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев".
Monografija OOU Goce Delcev Stip.pdf - Published Version
Download (314kB)
Abstract
ВОВЕД
Во време кога знаењето е најсилната движечка сила на општеството, училиштата претставуваат темели врз кои се гради иднината на секоја заедница.
Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ – Штип, веќе шест децении гордо стои како расадник на знаење, вредности и човечки потенцијал.
Оваа монографија, насловена „Шест децении светлина на знаењето“, претставува сведоштво за едно богато патување исполнето со посветена работа, предизвици, успеси и безброј генерации ученици кои ги понеле со себе знаењата и спомените стекнати во училишните клупи. Од своето основање до денес, училиштето не е само образовна институција, туку и место каде се негуваат пријателства, се развиваат таленти и се градат личности.
Низ годините, ООУ „Гоце Делчев“ – Штип успеа да се развива во чекор со времето, следејќи ги современите образовни текови, а притоа зачувувајќи ги своите традиции и вредности. Зад секој успех стојат наставници, ученици, родители и сите оние кои несебично придонеле за развојот и угледот на училиштето.
Оваа монографија е израз на благодарност кон сите кои биле дел од оваа приказна – кон генерациите наставници кои го вложиле своето знаење и љубов, кон учениците кои со својата љубопитност и енергија го исполнувале училиштето со живот, како и кон заедницата која континуирано ја поддржува неговата мисија. Оваа монографија претставува продолжение на претходната монографија 1966 – 2016, издадена по повод Денот на училиштето во 2016 година, а во која што беше опфатен педесетгодишниот раст и развој на училиштето
Нека овие страници бидат потсетник на богатото минато, сведоштво за значајното сегашно делување и инспирација за идните генерации кои ќе продолжат да го градат патот на успехот.
Како трајна порака и водилка нека останат зборовите на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ — идеал што нè обврзува да учиме, да создаваме и да напредуваме со достоинство.
| Item Type: | Monograph (Documentation) |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Lidija Kamceva Panova |
| Date Deposited: | 25 Aug 2026 10:02 |
| Last Modified: | 25 Aug 2026 10:02 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38910 |
