Maksimova, Viktorija (2023) Фитофармација-современи аспекти на употребата на хербални биоактивни компоненти-учебник. Goce Delcev University. ISBN 978-608-277-024-6
Full text not available from this repository.Abstract
Хербалните биоактивни компоненти се неизоставен дел од превенцијата и третманот на скоро сите болести кај човекот. И покрај тоа што нивната употреба започнала со самите почетоци на човештвото, денес соединенијата кои се добиваат од медицинските растенија се користат најмногу во современата фитотерапија (phytotherapy, phytopharmaceutical). Притоа, постојат различни аспекти кои треба да се земат во предвид при култивирањето на медицинските растенија,нивната обработка во претпроизводстевните, производствените и постпроизводствените процеси. Со цел да се добијат современи хербални лекови со висок квалитет, ефикасност и безбедност неопходно е да се контролира нивниот квалитет во сите фази на добивањето, како и да се евалуира нивната безбедност и ефикасност за да може тие хербалните производи да бидат регистрирани како хербални лекови или традиционални хербални лекови чија примарна цел е нивна медицинска употреба. Овој учебник е наменет за сите студентите по фармација од прв и втор циклус (интегрирани студии), а особено на оние кои имаат посебен интерес да ги изучуваат медицинските растенија и хербалните лекови кои се добиваат од нив. Учебникот има за цел да им помогне на студентите да ја разберат суштината на наставната содржина од областа на фитофармација, односно современите аспекти на добивањето и употребата на хербалните лекови. Притоа учебникот им дава можност на студентите да ги сумираат своите знаења стекнати на претходните курсеви по фармацевтска ботаника, фармакогнозија, фитохемија и фитотерапија, и истите да ги продлабочат, почнувајќи од претпроизводствените процеси на хербалните дроги, преку начините за екстракција на биоактивните компоненти и нивна технолошка производствена преработка, па се до постпроизводствените процеси на готовите хербални лекови. Притоа овие процеси секако се придружени со правила и водичи кои воспоставуваат високи норми за контролата на квалитетот на хербалните лекови, како и постапките за нивна регистрација и издвање. Се надевам дека со овој учебник ќе допринесам за утврдување и продлабочување на стекнатите знаења на идните колеги фармацевти, особено на оние кои со својата професионална определба ќе продолжат да допринесуваат во областа на хербалните препарати.
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Viktorija Maksimova |
| Date Deposited: | 06 Jul 2026 07:45 |
| Last Modified: | 06 Jul 2026 07:45 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38616 |
