Евалуација на ефектите на блокот на обвивката на мускулот ректус абдоминис како дел на мултимодална анестезија во гинекологија

Mitreski, Goran (2026) Евалуација на ефектите на блокот на обвивката на мускулот ректус абдоминис како дел на мултимодална анестезија во гинекологија. Doctoral thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of GM Doktorska.pdf] Text
GM Doktorska.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вовед: Гинеколошките оперативни интервенции со отворена лапаротомија се одликуваат со голема рана и силна постоперативна болка, па затоа е потребна соодветна постоперативна аналгезија. Блокадата на обвивката на мускулот ректус абдоминис (RSB) се користи за блокирање на сензорните нерви на предниот абдоминален ѕид, со што се придонесува за периоперативно и постоперативно ублажување на болката при операции на долниот дел од абдоменот. RSB обезбедува ефикасна периоперативна аналгезија и е поврзана со помала периоперативна потрошувачка на опиоиди и намалени несакани ефекти поврзани со опиоиди. Оваа проспективна рандомизирана студија го истражува ефектот на RSB врз квалитетот на закрепнувањето кај пациенти по отворена гинеколошка операција.
Цел: Примарна цел на оваа студија е да се евалуира периоперативниот ефект на блокот на обвивката на мускулот ректус абдоминис (RSB) како дел од мултимодалната анестезија, како и ефектот врз постоперативното опоравување (QoR-40) и аналгезија (VAS Scale) при отворени гинеколошки операции.
Секундарна цел беше да се оцени интраоперативната и постоперативната консумација на опиоиди, времето до првото испуштање гасови, времето за отпуштање од единицата за пост- анестезиолошка нега, време до прво станување од кревет, постоперативното гадење и повраќање и задоволството на пациентите. Статистичка обработка: Спроведена е статистичка анализа на карактеристиките кај испитаната и контролната група, при што се утврдени варијаблите на постоперативната болка и закрепнувањето по отворена гинеколошка операција.
Пациенти и методи: Во оваа проспективна рандомизирана студија учествуваа 78 жени кои ги задоволуваа инклузивните критериуми: ASA I или II, пријавени за елективна отворена гинеколошка операција под општа ендотрахеална анестезија (ОЕА). По случаен избор, болните се поделени во 2 еднакви групи и тоа контролна група и испитувана група од по 39 пациенти секоја; Контролна група – КГ (n = 39), каде што пациентите примиле стандардна општа ендотрахеална анестезија; а пациентките во Испитуваната група – ИГ (n = 39), примиле RSB со 40 ml ропивакаин 0,375 % (20 ml од секоја страна) пред операцијата и стандардна општа ендотрахеална анестезија. Просечниот артериски крвен притисок (MAP) и срцевиот ритам (HR) биле мерени како почетна вредност, по индукција на општа ендотрахеална анестезија (ОЕА), на секои 15 минути до завршување на операцијата, веднаш по закрепнувањето, на 6 часа, 12 часа и 24 часа постоперативно. Квалитетот на закрепнувањето се оценуваше со прашалник за квалитет на закрепнувањето од 40 прашања (QoR-40) и евалуација на постоперативната болка со користење визуелна аналогна скала (VAS).
Заклучок: Постоперативните глобални QoR-40 резултати беа во групата пациенти во контролната група во опсег 139,7 до 189,0 во испитуваната група (121-192), соодветно. Преоперативната апликација на RSB ја намали интраоперативната потрошувачка на опиоиди, го намали времето до првото испуштање гасови, времето до првото станување од кревет и времето на престој во единицата за постанестезиолошка нега. На крајот, пациентите кои примија RSB покажаа поголемо задоволство од анестезијата од оние кои примија само ОЕА.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Uncontrolled Keywords: Квалитет на закрепнување, блокада на обвивката на ректусот, општа ендотрахеална анестезија, тотална абдоминална хистеректомија, QoR-40.
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Biljana Kosturanova
Date Deposited: 19 Jun 2026 11:53
Last Modified: 19 Jun 2026 11:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38559

Actions (login required)

View Item
View Item