Прирачник за обука на кандидат за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење МОДУЛ 5 - ФИНАНСИИ ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР, СКОПЈЕ

Koleva, Blagica (2026) Прирачник за обука на кандидат за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење МОДУЛ 5 - ФИНАНСИИ ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР, СКОПЈЕ. [Teaching Resource]

[thumbnail of 2026, МОДУЛ-5-ФИНАЛ.pdf] Text
2026, МОДУЛ-5-ФИНАЛ.pdf

Download (2MB)

Abstract

Прирачникот за модул „Финансии“ е наменет за директорите на училишта, бидејќи опфаќа аспекти од финансиското работење кои се во нивна надлежност и претставуваат дел од нивните
професионални одговорности. Во прирачникот се обработени клучните компоненти неопходни за директорите со цел да го
унапредат своето разбирање и практикување на финансиското управување во училиштата. Меѓу опфатените теми се: стратешкото планирање, основните буџетски поими, буџетските принципи, обврските поврзани со буџетското планирање, јавните набавки, финансиската контрола, претприемништвото, како и други аспекти од финансиското функционирање на образовната институција.
Целта на прирачникот е да претставува ефикасна алатка за поддршка на директорите, особено на
оние кои за првпат ја преземаат оваа функција. Прирачникот има за цел да го олесни разбирањето на суштинските елементи на секојдневното управување со училиштето од финансиски аспект. Станува збор за практичен водич кој им овозможува на директорите на основни и средни училишта да стекнат основни знаења и вештини од областа на финансиите, неопходни за ефективно и одговорно водење на нивните институции. Имено, управувањето со финансии може да биде предизвикувачко, особено за лица без претходна стручна подготовка, па токму затоа една од клучните цели на прирачникот е да го намали чувството на несигурност и да ги надмине постоечките
предрасуди кои често се поврзуваат со оваа област.
Прирачникот треба да придонесе кон донесување на информирани и одговорни одлуки, како и кон долгорочно планирање на развојот на училиштето. Ефективното финансиско управување има директно влијание врз целокупното функционирање на
училиштето - врз вработените, наставниот процес и најзначајно, врз учениците и квалитетот на образованието што им се нуди. Директорот има клучна одговорност за ефикасноста на образовната институција, а финансиското управување претставува суштински дел од таа одговорност.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 09 Jun 2026 10:41
Last Modified: 09 Jun 2026 10:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38468

Actions (login required)

View Item
View Item