Koceva, Ljubica and Kamceva, Gordana (2026) Респираторен дистрес синдром кај новородени на Клиника за детски болести-Скопје за 2025 година, нега и третман од страна на медицинската сестра. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 75 (4). ISSN 2545-4439
RESPIRATORY DISTRESS SYNDROME IN NEWBORNS AT THE CLINIC FOR CHILDREN'S DISEASES SKOPJE FOR 2025, CARE AND TREATMENT BY THE NURSE.pdf
Download (924kB)
Abstract
Резиме: Респираторниот дистрес синдром кај новородени е комплексен клинички синдром, сериозна состојба кој настанува поради недоволно развиени бели дробови, инфекции, аспирација, како и други перинатални компликации. Најчесто се јавува кај предвремено родени деца. Раното препознавање на симптомите (цијаноза, тахипнеа, интеркостални ретракции, респираторна инсуфициенција) значително ја подобрува дијагнозата и прогнозата. Освен неонаталната интензивна нега, овремената неонатологија развива нови дијагностички и терапевтски методи (неинванзивна вентилација, сурфактант терапија, мониторинг на кислородна сатурација) што ја прави оваа тема актуелна за континуирано научно проучување.
Цел: Труд има за цел да го прикаже бројот на новородени деца со респираторен дистрес синдром лекувани во единица за интензивна нега при Клиника за детски болести во Скопје за период од една година.
Материјали и методи: Овој труд представува ретроспективна дескриптивна анализа на пациенти со респираторен дистрес синдром следени во текот на 2025 година.
Резултати: Анализирани се 30 новородени со дијагностициран респираторен дистрес синдром во текот на 2025 година на Клиника за детски болести во Скопје. Од податоците се забележува дека респираторниот дистрес синдром се јавува кај двата пола, без значителна разлика во зачестеноста, што укажува дека полот не претставува значаен ризик фактор за појава на состојбата. Податоците покажуваат дека најголем број од новороденчињата се предвремено родени, односно со гестациска старост под 37 недели, што потврдува дека незрелоста на белите дробови е главен фактор за појава на респираторен дистрес синдром. Најголем број од новороденчињата потекнуваат од мајки во репродуктивна возраст, најчесто во групата од 24 до 34 години. Родилната тежина е класифицирана во повеќе категории (под 1000 g, до 2500 g и над 2500 g). Од добиените податоци се забележува дека значителен дел од новороденчињата имаат ниска родилна тежина, што е чест фактор поврзан со предвременото раѓање и појавата на респираторен дистрес синдром. Почесто е породување со царски рез, што е честа практика кај ризични бремености и предвремено раѓање. Податоците покажуваат дека скоро подеднакво била применета респираторна поддршка кај новороденчињата, како што се CPAP (неинвазивна вентилација) и механичка вентилација (МВ). Морталитот изнесува 6,66%, односно 2 новородени од вкупниот број на применени за лекување и третман.
Заклучок: Негата и третманот на пациентите со респираторен дистрес синдром имаат клучно значење за преживување и подобрување на здравствената состојба. Негата се спроведува најчесто во неанатална интензивна нега од страна на медицинската сестра, со цел да се олесни дишењето и да се спречат комликации. Затоа, професионалната, внимателна и континуирана сестринска грижа претставува еден од најважните фактори во успешниот третман на оваа состојба.
Клучни зборови: респираторен дистрес синдром, сестринска нега, предвремено родени, ниска родилна тежина, морталитет
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Gordana Kamceva |
| Date Deposited: | 08 Jun 2026 11:55 |
| Last Modified: | 08 Jun 2026 11:55 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38451 |
