Морфолошки и функционален исход кај пациенти оперирани од интракранијални процеси врз основа на невролошки статус и имиџинг методи при употреба на флуоресцентни техники

Ivcev, Ljubomir (2026) Морфолошки и функционален исход кај пациенти оперирани од интракранијални процеси врз основа на невролошки статус и имиџинг методи при употреба на флуоресцентни техники. Doctoral thesis, Goce Delcev University.

[thumbnail of Ljubomir Ivcev_D O K T O R A T.pdf] Text
Ljubomir Ivcev_D O K T O R A T.pdf - Accepted Version

Download (4MB)

Abstract

Натриум флуоресцинот како контрастно средство употребено при операции на мозочни тумори привлекува внимание во последните две децении. Лесната достапност овозможува неговата употреба да биде проширена и ефикасноста докажана. Туморите на мозок како едни од најдеструктивните и најонеспособувачките болести, се голем предизвик за модерната неврохирургија. Денес неврохирурзите пронаоѓаат најразлични методи за попрецизно разликување на туморско од мозочно ткиво со цел максимално да се отстрани патолошкото ткиво. Таков елемент е натриум флуоресцинот, кој со своите флоресцентни карактеристики се акумулира во туморските процеси и ги обележува. Неговата акумулација се должи на нарушената крвно-мозочна бариера. Сепак, покрај патолошкото ткиво, флуоресценција под жолтасветлина на оперативен микроскоп даваат и некои анатомски структури. Поради тоа, темелното познавањето на натриум флуоресцинските својства е од суштинско значење за правилната употреба и оперативниот успех. Во студијата направена е компаративна анализа на целокупниот оперативен успех помеѓу 41 пациент оперирани со употреба на натриум флуоресцин интраоперативно и 60 пациенти оперирани без употреба на натриум флуоресцин. Во испитуваната група, аплицирано е 5мг/кг натриум флуоресцин после вовед во анестезија. Кај сите пациенти регистриран е невролошкиот статус пред и после операција и бодиран спрема скалите на Глазгов и Ранкин. Постоперативните ренгенолошки иследувања (магнетни резонанции и комјутеризираните томографии) се користени како доказ за присуство на туморско ткиво (рецидив или резидуа) после оперативниот зафат. Забележани се деновите на хоспитализација и компликациите поврзани со хируршкиот зафат како индиректен показател за оперативниот успех. Пациентите оперирани од малигни тумори се следени постоперативно подолг период и регистрирано е едно или повеќе годишното преживување. Сите овие параметри се споредени помеѓу испитуваната и контролната група, со цел да се донесе заклучок врз основа на нумерички податоци. Направена е статистичка анализа со помош на Mann–Whitney U, Fisher exact, χ² - тест и Spearman тестовите.
Резулатите добиени го потврдија позитивниот ефект од употребата на натриум флуоресцин интраоперативно. Присуството на туморско ткиво на постоперативните ренгенолошки иследувања покажа значајна ралика. Контролната група во 46.67% од случаите имала присуство на рецидивно или резидуално ткиво, додека кај испитуваната група присуство е сретнато во 26.83% од случаите. Деновите на хоспитализација се значително намалени кај испитуваната група, со средна вредност од 12.15, наспроти 18.53 кај контролната група (p<0,001). Компликациите поврзани со хируршкиот третман покажаа клиничка значајност во разликата со 35.6% појава во контролната група наспроти 27.5% во испитуваната група. Стапката на преживување кај малигните тумори исто така докажа клиничка важност и продолжување на
животниот век кај пациентите. Едно годишното преживување кај контролната група е 54.5%, додека две годишното преживување 32.2%. Во испитуваната група една година преживеале 69.2% од пациентите, додека две години преживеале 56.0% од пациентите оперирани од малигни тумори. Невролошкиот статус не покажа значајна разлика кај пациентите оперирани со
и без употреба на натриум флуоресцин. Сите горе наведени елементи го потврдуваат поволниот ефект од употребата на натриум флуоресцин интраоперативно. Со скратување на болничкиот престој, намалување на оперативните компликации, пролонгирање на појавата на рецидив и зголемување на стапката на преживување, може дасе заклучи дека во искусни раце натриум флуоресцинот придонесува за подобар оперативен успех при хируршки третман на мозочни тумори.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 07 May 2026 08:41
Last Modified: 07 May 2026 08:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38354

Actions (login required)

View Item
View Item