Denkova, Jovanka (2025) Книжевноста за деца како модел за учење за животот за децата, но и за возрасните. Vospitanie - Journal of educational sciences, theory and practice, 16 (26). ISSN 1857-8705
Trud+5.pdf
Download (2MB)
Abstract
Како продукт на имагинацијата на Соња Станковиќ и м-р Бојан Станковиќ, како и нивната желба за доделување на подарок на сите деца кои го започнуваат дружењето во училишните клупи, книгата „Зебричка“ излегува од печат во 2019 година. Освен тоа што се придружува на редот на други дела од обемот на детската литература, авторите ја имаат сета намера делото да ја има способноста да допре не само до оние на коишто им е посветено, туку и до возрасните, до родителите и наставниците.
Тргнувајќи уште од самата посвета на книгата, произлегува важното прашање за публиката (читателите) на детската книжевност и нејзината коректна употреба: дали таа е стриктно наменета за деца? Дали возрасните играат улога во детската книжевност надвор од нејзиното создавање? Што им дава детската книжевност на возрасните, а како тие можат нејзе да ѝ возвратат? Како се разликува искуството при читањето од страна на возрасен и на дете? Која е толкувачката моќ којашто возрасниот ја поседува и која е должноста на возрасниот при разгатнување на универзалните пораки и совети коишто се карактеристични за детската книжевност? „Зебричка“ е соодветно дело за анализа ако се стремиме да одговориме на прашања од ваков вид. Во оваа приказна, перцепцијата на ликовите и настаните отвора потенцијал за драстични разлики во интерпретативниот аспект кај децата и кај возрасните. Иако децата се публиката на детската книжевност, возрасните се оние коишто ја надоградуваат и ја комплетираат бидејќи тие се оние коишто ја користат како алатка за да пополнат важен дел од периодот на детскиот раст и развој.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Jovanka Denkova |
| Date Deposited: | 14 Apr 2026 08:35 |
| Last Modified: | 14 Apr 2026 08:35 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38282 |
