Компаративна анализа на предвиденото и постигнатото поместување на заби со примена на фиксни апарати и алајнери

Azizi, Fadilj (2026) Компаративна анализа на предвиденото и постигнатото поместување на заби со примена на фиксни апарати и алајнери. Doctoral thesis, Факултет за медицински науки, Универзитет “Гоце Делчев“.

[thumbnail of 29,1 Докторат д-р Фадиљ.pdf] Text
29,1 Докторат д-р Фадиљ.pdf - Published Version

Download (8MB)

Abstract

Вовед. Современата ортодонција нуди решенија за естетските и функционални неправилности со забите, овозможувајќи пациентите да постигнат совршена насмевка и правилна функционалност на забите, како и подобрена орална хигиена.
Со помош на современите ортодонтски апарати, денес можно е да се третираат бројни различни неправилности. Ефикасноста на поместување на забите игра клучна улога во одредувањето на целите на лекувањето, времетраењето на третманот, но и потребните материјални трошоци. Несоодветни предвидувања
може да резултираат со потреба од продолжен третман, незадоволство на пациентот и зголемен ризик од релапс. Следствено на тоа, точноста на предвидувањето на поместувањето на забите и способноста на алајнерите
(порамнувачи) за ефективно постигнување на главните поместувања на забите и корените во споредба со фиксниот ортодонтски третман се суштински фактори кои бараат евалуација. Последниве години, третманот со алајнерите пред сѐ е повисоко ценет од пациентите во однос на традиционалните фиксни ортодонтски апарати.
Цели. Со респект на актуелноста на темата од клинички аспект, но и поткрепена со научни литературни сознанија беа поставени следните цели, односно да се утврди:
(1) потребата за ортодонтски третман во испитуваните групи според естетската компонента од IOTN индекс, (2) почетната состојба на малоклузијата - збиеност пред ортодонтскиот третман; (3) видот на поместување на забите при ортодонтскиот третман со фиксен апарат; (4) видот на поместување на забите при ортодонтски третман со алајнер (порамнувач); (5) виртуелниот краен ефект на
современиот ортодонтски третман со алајнер (порамнувач); (6) компаративниот ефект на поместување на коронката и коренот на забот според степенот, видот и местоположбата помеѓу двете испитувани групи и (7) евентуални можни настанати
нелагодни ефекти од третманот.
Материјали и методи. За реализација на поставените цели беше спроведено клиничко испитување во специјалистичка ординација по ортодонција ПЗУ „АЉБИ ОРТОДЕНТ“ во Тетово. Испитаниците беа од двата пола, на возраст од 14 до 16 години. Во изработката на истражувањето предвидено во докторскиот труд беа вклучени вкупно 360 заба од 30 испитаници со малоклузија – примарна збиеност, поделени во две групи од по 15 испитаници и тоа: прва група со вкупно 180 заба, испитаници од двата пола кои се третираат со фиксeн апарат Dentaurum Rrooth 0,22 и втора група со вкупно 180 заба, од двата пола кај кои беше аплициран Алајнер Biolon 0,75. Кај сите испитаници во истражувањето беа направени следниве
постапки и методи на работа: земање на детална лична анамнеза; изведување на клинички преглед; анализа на дигитална СВСТ снимка на заби и донесување на одлука за извршување на ортодонтски третман врз основа на естетска компонента од Индексот за потреба за ортодонтски третман (Index Treatment Need-IOTN),
лабораториски протокол – нарачка, дигиталниот протокол - план на терапија и дизајнирање, апликација на фиксен ортодонтски апарат од типот Dentaurum Rroth 0,22 или апликација на алајнер (порамнувач) од типот Biolon 0,75 и контролни прегледи во првиот месец и потоа во 3 (третиот) и 6 (шестиот) месец.
Резултати. Врз база на спроведената анализа се утврди дека за најголем дел од тераписки предизвиканите ортодонтски движења постои статистички значајна разлика за забите третирани со фиксни апарати и алајнери (F=3,08 и p<0,05
(p=0,03), освен за ортодонтското поместување во мезио-дистална насока (F=0,81 и p>0,05 (p=0,76). Во однос на ортодонското поместување во корелацијата со должината на третманот исто така може да се забележи дека секаде постои
статистички значајна разлика (16,9 месеци наспроти 23,0 месеци; P<0,0001) освен кај ортодонтско поместување на забите во оклузо-гингивалната насока (F=1,72 и
p>0,05 (p=0,16) и во добиената ангулација во релација со почетокот од испитувањето (F=12,93 и p<0,001 (p=0,000), еден месец по третманот (F=1,63 и p<0,05 (p=0,01), три месеци по третманот (p>0,05(p=1,000) и шест месеци (F=0,46 и
p>0,05 (p=0,71) по третманот третирани со фиксни апарати и алајнери.
Заклучоци. Врз основа на изведеното истражување може да се заклучи дека за најголем дел од тераписки предизвиканите ортодонтски поместувања постои статистички значајна разлика за забите третирани со фиксни апарати и алајнери, освен за ортодонтското поместување во мезио-дистална насока. Во однос на ортодонското поместување во корелацијата со должината на третманот исто така може да се заклучи дека секаде постои статистички значајна разлика освен кај ортодонтско поместување на забите во оклузо-гингивалната насока и во добиената ангулација во релација со почетокот од испитувањето, еден месец по третманот, три месеци по третманот и шест месеци по третманот, третирани со фиксни
апарати и алајнери. Овие факти во голема мера можат да се искористат при изборот на техниката на терапијата, планирањето на третманот и секако при проценката на ефектите од третманот. Покрај влијанието на ортодонтските
неправилности и на различните тераписки активности кои се користат, мора да се нагласи потребата од индивидуален пристап при изборот на тераписките процедури.
Клучни зборови: ортодонтски третман, алајнери (порамнувачи), фиксен ортодонтски третман, современа ортодонција.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 17 Mar 2026 10:06
Last Modified: 17 Mar 2026 10:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38182

Actions (login required)

View Item
View Item