Mladenoski, Ranko (2012) Наратологија - рецензирана скрипта. ISBN 978-608-4504-87-0.
Full text not available from this repository.Abstract
Трудот е рецензирана скрипта објавена во е-библиотека на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Материјата што се презентира во оваа скрипта е систематизирана во четири дела: а) Вовед во наратологијата; б) Основни наративни структури; в) Наратолошки модели; г) Прилози. Во првиот дел се нудат основните дефиниции за поимите „наратологија“ и „проза“, како и позицијата на наратологијата како научна дисциплина во науката за литературата. Во вториот дел се елаборираат фундаменталните елементи на прозните книжевни дела како што се време и простор, опис и дејство, лик и актант, тематска ролја и актер, наратор, наратер и други. Во овој дел, исто така, се разгледуваат некои основни наратолошки категории од типот фокализација, односно гледна точка на нарацијата, наративна трансмисија (наративен комуникациски канал) и слично. Во третиот дел се презентираат најосновните наратолошки модели за анализа (интерпретација) на прозните книжевни дела. Тоа се моделите на Владимир Проп, Алжирдас Грејмас и Ролан Барт, како и семиолошките истражувања за книжевниот лик на Филип Амон. Во четвртиот дел се прилозите каде што доминираат интерпретативни (аналитички) текстови за прозни книжевни дела (сказни и романи).
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 17 Dec 2012 11:34 |
Last Modified: | 09 Apr 2015 13:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3801 |
Actions (login required)
View Item |