Antonio, Angelov and Nakov, Dimitar (2025) Споредбена анализа на екстензивен и интензивен начин на одгледување кокошки-несилки. In: VI Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина” Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Земјоделски факултет, 12 Nov 2025, Stip, Republic of North Macedonia.
pg.13.pdf
Download (1MB)
Livestock_Antonio Angelov.pdf
Download (16MB)
Abstract
Одгледувањето на кокошки-несилки и производство на конзумни јајца претставува најзначаен сегмент од живинарското производство во Република Северна Македонија. Во структурата на фармите најмногу доминираат мали или средни фамилијарни фарми со големина на јато од околу стотина до неколку илјади грла кокошки-несилки. На фармите се применуваат два основни системи на одгледување: екстензивен и интензивен систем. Овие два пристапи се разликуваат по степенот на вложување, просторните услови, продуктивноста, благосостојбата на животните и влијанието врз животната средина. Екстензивниот начин на одгледување подразбира користење на природните ресурси, слободно движење на несилките, пониска густина на населеност и минимални инвестиции во инфраструктура. Овој систем овозможува подобра благосостојба на живината, природно однесување и производство на органски јајца во природни услови. Сепак, екстензивниот систем се карактеризира со пониска продуктивност, поголема изложеност на климатски промени и можни биолошки ризици. Интензивниот начин на одгледување се базира на технолошки решенија, контролирана средина на одгледување и висока густина на населеност со цел зголемена продуктивноста и економската исплатливост. Овој систем на одгледување овозможува континуирано производство на јајца, подобра биосигурност и максимално искористување на ресурсите. Сепак, живината одгледувана во интензивни системи е подложна на стрес, ограничено движење и зголемен ризик од нарушување на здравјето и благосостојбата. Споредбената анализа на овие два системи укажува дека изборот на систем на одгледување зависи од економските цели, етичките стандарди и одржливо производство од аспект на зачувување на животната средина. Идните развојни стратегии во живинарството треба да бидат ориентирани кон подобрување на благосостојбата на кокошките и одржливото производство преку комбинирање на предностите од двата системи на одгледување.
Клучни зборови: живинарство, благосостојба, одржлив развој, животна средина
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Animal and dairy science |
| Divisions: | Faculty of Agriculture |
| Depositing User: | Dimitar Nakov |
| Date Deposited: | 05 Feb 2026 10:06 |
| Last Modified: | 05 Feb 2026 10:06 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37858 |
