Majhosev, Andon and Todorova, Biljana (2025) Карактеристики на социјалниот дијалог во Република Северна Македонија во периодот 1990-2024. In: 12th International scientific conference “Social changes in the global world", 25-26 Sept 2025, Stip, Macedonia.
Карактеристики на социјалниот дијалог во Република Северна.pdf - Published Version
Download (1MB)
Abstract
Со овој истражувачки труд ќе се обидеме да одговориме на прашањето дали во Северн Македонија функционира ефективен социјален дијалог, односно, колку тој влијае позитивно на севкупните општествените промени на национално ниво. Истражувањето се однесува на односите помеѓу синдикатот, од една страна, и здруженијата на работодавачите и владата, од друга страна, и нивното влијание во креирањето на правна регулатива и економско социјалните политики во државата.
За да го анализираме влијанието на социјалниот дијалог врз општествените промени во државата ние се фокусираме на улогата на социјалните партнери од гледна точка на социјален дијалог и прифаќање на барањата и интересите, особено на синдикатот. Влијанието на социјалниот дијалог врз позитивните општествени промени ќе се обидеме да ги препознаеме преку анализа на: Функционирање на бипартитниот и трипартитниот социјален дијалог; Креирање на усогласени економски и социјални политики; Преку (не)почитување на регулативата; Реакциите на социјалните партнери, пред се на синдикатот. Освен тоа, во трудот ќе го истражиме и влијанието на надворешните фактори врз ефективноста на социјалниот дијалог, особено од аспект на влијание на меѓународните финансиски институции (ММФ и Светска банка) и пазарот на трудот во Македонија во периодот 1990-2024 година.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Other humanities |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Biljana Todorova |
| Date Deposited: | 29 Jan 2026 09:57 |
| Last Modified: | 29 Jan 2026 09:57 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37348 |
