Kostova, Stefanija and Stoilova, Anastasija and Atanasova, Biljana and Spasov, Dusan and Spasova, Dragica and Ilievski, Mite (2025) Инсектите и човекот низ историјата – корисни и штетни видови. In: VI Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 12 Nov 2025, Stip.
Stefanija Kostova, Anastasija Stoilova.pdf
Download (713kB)
Презентација - Стефанија, Анастасија.pdf
Download (2MB)
Abstract
Инсектите (класа Insecta) се група членконоги што имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, гради и стомак), три пара членести екстремитети, еден пар сложени очи и две пипала. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со повеќе од еден милион опишани.
Инсектите најверојатно еволуирале од примитивни многуноги (Arthropoda: Myriapoda) за време на Силур, пред околу 400–440 милиони години, кога траxеофитите штотуку го колонизирале копното, обезбедувајќи нови извори на храна и засолниште.Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на егзоскелетот, со надворешен слој од восочна кутикула за да се минимизира исушувањето.Иако не постојат фосилни пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите шестоноги.
Во текот на својата долга еволуција, инсектите воспоставиле сложени односи со растенијата и животните, меѓу кои и со човекот. Низ историјата, односот меѓу човекот и инсектите се развивал во две насоки, како соработка и корист, но и како борба и заштита од нивните штетни последици. Од античките цивилизации до денес инсектите имале значајна улога – од симболика и економска корист, до закани за здравјето и храната. Низ вековите, човекот научил дека наместо во уништување, клучот лежи во соработка и одржливо управување со популациите инсекти.
Историјата покажува дека иднината на човекот и инсектите е нераскинливо поврзана, а разбирањето на таа врска е основа за еколошка рамнотежа и биолошка безбедност. Денес, разбирањето на овој сложен однос има практично значење за современата заштита на растенијата и биолошката контрола.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
| Divisions: | Faculty of Agriculture |
| Depositing User: | Biljana Atanasova |
| Date Deposited: | 27 Jan 2026 13:27 |
| Last Modified: | 27 Jan 2026 13:27 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37319 |
