Kosevaliska, Olga and Buraliev, Ivan (2025) Детското престапништво во Северна Македонија (2017– 2024): феноменолошка анализа и импликации на политиките на превенција. Македонска ревија за кривично право и криминологија, 32 (1-2). ISSN 1409-5327
СОДРЖИНА CONTENTS(9).pdf
Download (356kB)
29. Кошевалиска Буралиев.pdf
Download (688kB)
Abstract
Овој труд претставува квантитативна анализа на детското престапништво во
Република Северна Македонија во периодот од 2017 до 2024 година. Истражувањето е
засновано врз официјални статистички податоци за бројот на осудени деца, нивната
полова, старосна, територијална и кривичноправна структура, како и видот на
изречените санкции. Анализата покажува дека детското престапништво е релативно
стабилен феномен, со доминација на имотните кривични дела, делата против јавниот ред
и безбедноста на сообраќајот. Половата структура укажува на изразена застапеност на
машките деца, додека, пак, територијалната распределба открива концентрација на
престапништвото во одредени општини. Казнената политика е доминантно ориентирана
кон примена на воспитни мерки, што е во согласност со меѓународните стандарди за
постапување со деца во судир со законот. Резултатите упатуваат на потреба од јакнење
на локалните превентивни политики, рана интервенција и интегриран институционален
пристап.
Клучни зборови: детско престапништво, квантитативна анализа, деца,
санкции, превентивни политики, Северна Македонија
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Olga Kosevaliska |
| Date Deposited: | 27 Jan 2026 12:39 |
| Last Modified: | 27 Jan 2026 12:39 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37313 |
