Логистичката регресија во јавните и локалните финансии (студија на случај за предвидување на фискалниот диспаритет на општините)

Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan and Sofijanova, Elenica (2025) Логистичката регресија во јавните и локалните финансии (студија на случај за предвидување на фискалниот диспаритет на општините). Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 27 (1). pp. 33-47. ISSN 1857- 7628

[thumbnail of Logisticka regresija.pdf] Text
Logisticka regresija.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Целта на овој труд е да се долови и демонстрира потенцијалната употреба на бинарната логистичка регресија во научните истражувања од областа на јавните и локалните финансии. Како еден вид генерализиран статистички метод, кој содржи исклучиво бинарни (дихотомни) вредности на зависната варијабла, истиот е извонредно погоден за предвидување на одредени економски појави чијашто состојба т.е. status quo се состои од само две вредности (акции со потпросечен принос, акции со натпросечен принос, ликвидни наспроти неликвиднии општини, општини со низок наспроти општини со висок фискален капацитет, држави во банкрот versus држави вон банкрот итн.) Како резултат на тоа, се овозможува да се направи класификација и групирање на опсервациите во соодветни групи со зголемен ризик од конкретната појава (општини со потпросечен приходен капацитет) и групи со низок ризик од појавата (општини со натпросечен капацитет). Друга поволност која ја нуди логистичката регресија е можноста за пресметка на шансите и веројатноста за настапување на одредена состојба (неликвидност или банкрот) и тоа посебно за секоја индивидуална опсервација (општина, држава итн.). Со ваквиот методолошки приод, истражувачот е во состојба објективно да го процени ризикот од настапувањето на конкретната појава, и во таа насока да даде препораки за конкретни дејствија или мерки со цел да се превенира потенцијалното настапување на појавата т.е. редуцира присутниот ризик. Со помош на студија на случај, демонстрирана е примената на логистичката регресија врз статистички примерок составен од македонските општини, од кој се исклучени единствено скопските општини заради недостаток на податоци. Интересно, истражувањето покажа дека како предиктори на фискалниот капацитет на општините во Македонија, освен бројот на жители и наплатените сопствени приходи по глава на жител, се јавуваат и урбано/руралниот и етничкиот статус на општините.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ilija Gruevski
Date Deposited: 21 Jan 2026 09:58
Last Modified: 21 Jan 2026 09:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37220

Actions (login required)

View Item
View Item