Улога на сестрата во превенција од ширење на инфекции на неонатална интензивна нега и терапија во ЈЗУ УК ГАК

Panova, Gordana and Nikolovska Georgievska, Sanela (2025) Улога на сестрата во превенција од ширење на инфекции на неонатална интензивна нега и терапија во ЈЗУ УК ГАК. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 71 (4). pp. 559-562. ISSN 2545-4439

[thumbnail of ROLE+OF+THE+NURSE+IN+PREVENTION+OF+INFECTIONS+IN+NEONATAL+INTENSIVE+CARE+AND+THERAPY+IN+JZUUK+GAK.pdf] Text
ROLE+OF+THE+NURSE+IN+PREVENTION+OF+INFECTIONS+IN+NEONATAL+INTENSIVE+CARE+AND+THERAPY+IN+JZUUK+GAK.pdf

Download (755kB)

Abstract

Интрахоспиталните инфекции во денешно време се многу честа појава во здравстевниот систем, и се голем проблем за пациентите и здравствениот персонал.Интрахоспиталните инфекции ги дефинираме како инфекции кои се азвиваат во самата болница, кои се предизвикани од микроорганизми кои може да бидат во самата соба каде што престојува пациентот, на медициснките апаратите, да ги пренесуваат медицинскиот персонал со несоодветна опрема за работа со самите пациенти и неправилно миење на рацете, како и дезинфекцијата, употребата на еднократни ракавици, маски и еднократна опрема. Интрахоспиталните инфекции во зависност од видот и местото почнуваат да се манифестираат во период од 48 - 72 часа по приемот на пациентот, за време на неговата хоспитализација.
Најчесто интрахоспиталните инфекции според типот може да бидат уринарна инфекција која се пренесува преку контаминиран катетар, пневмонија која се јавува кај интубирани пациенти, бактериемија или сепса се појавува преку васкуларни катетери, хируршка инфекција се појавува најчесто после операција, гастроинтестинални инфекции се случуваат по употреба на прекумерна доза на антибиотици.
Најчести микроорганизми кои ги причинуваат интрахоспиталните инфекции се: Escherichia coli, Klebsiella pneumoniae, Pseudomomonas aeruginosa, Staphylococcus aureus - MRSA, Enterococcus, Candida spp, Norovirus, Influenza, COVID - 19.
Дијагнозата на интрахоспиталните инфекции се поставува со клиничка слика, лабораториски анализи и микробиолошки анализи.Интрахоспиталните инфекции се испитуваат преку хемокултура, урина, спутум и брисеви. Лекувањето се спроведува според културите со антибиотска терапија, замена на нови катетри, кислород, антипиретици, се со цел да се излечи пациентот и да се спречат понатамошни компликации.
Медицинската сестра е на првата линија во контактот со пациентите, медицинските процедури и болничката средина.
Медицинската сестра ќе го намали ширењето на интрахоспитални инфекции доколку одржува строга хигиена на рацете, ги изолира инфицираните пациенти, внимава со употребата на антибиотици кај пациентите, рационално им ја дели терапијата, прави дезинфекција на опремата и ги дезинфицира просториите, редовно посетува обука за спречување на интрахоспитални инфекции, семинари, болнички кампањи да ги слуша советите и препораките од СЗО
Медицинската сестра треба правилно да ги дезинфицира стетоскопите, термометрите, креветите и др, ги проверува материјалите дали се стерилни. Медицинската сестра треба да препознава рани знаци и симптоми на инфекции за да може навремено да започне лекувањето кај овие пациенти.
Медицинската сестра ги едуцира пациентите и нивните семејства за хигиената на рацете, им дава совети за грижа на раните.
Медицинската сестра преку професионализам, дисциплина и едукација директно придонесува за безбедноста на пациентите и намалување на интрахоспитални инфекции и компликации.
Клучни зборови: интрахоспитални инфекции, болници, испитувања, превенција.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 20 Jan 2026 10:16
Last Modified: 20 Jan 2026 10:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37163

Actions (login required)

View Item
View Item