Panova, Gordana and Dimitrovska, Simona (2025) Улогата на патронажната служба при превенција, детекција и лекување на дијабетис мелитус кај населението во општина Штип. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 72 (4). pp. 577-580. ISSN 2545-4439
THE+ROLE+OF+THE+PATRONAGE+SERVICE+IN+THE+PREVENTION,+DETECTION+AND+TREATMENT+OF+DIABETES+MELLITUS+AMONG+THE+POPULATION+IN+THE+MUNICIPALITY+OF+SHTIP.pdf
Download (750kB)
Abstract
Дијабетес мелитус е хронична состојба која погодува милиони луѓе ширум светот и бара тековно управување и внимание. Ова метаболичко нарушување може да доведе до сериозни компликации доколку не се третира правилно. Затоа, едукацијата игра клучна улога во потикнувањето на пациентите со дијабетес да преземат контрола над своето здравје и да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Со разбирање на болеста, учење за ефективни стратегии и водење на здрав начин на живот, пациентите можат значително да го намалат ризикот од компликации и да имаат нормален живот.Најпрво потребно е да се разбере самата болест а ова се постигнува со обезбедување на едукативни материјали на едноставен јазик или за да се обезбеди пристапност.Медицинското лице може да користи и модели или дијаграми за да покаже како функционира инсулинот во телото и што се случува кај дијабетесот како болест.
Дејноста на патронажната служба денес е примарно превентивно едукативна и информативна, со задача на собирање на потребни податоци за здравствената заштита на населението во Општина Штип. Најчестите мерки кои ги превземаат патронажните служби се организација и вовед кон поквалитетна промоција на здравје и превенција.Сите овие мерки и процедури, медицинските сестри и техничари ги спроведуваат преку разни здравствени советувалишта, како индивидуални така и групни, потоа како и едукација преку соработка со останатите служби во социјалното опкружување, а дел од здравствениот систем кои го работат, менаџираат и успешно едуцираат.
Патронажната сестра има клучна улога во грижата за пациенти со дијабетес, преку едукација, следење на здравствената состојба и поддршка во самоменаџирањето на болеста. Таа врши редовни посети на пациентите, ги советува за правилна исхрана, физичка активност, редовно мерење на шеќер во крвта и правилно користење на терапијата. Исто така, таа има важна превентивна функција преку навремено откривање на компликации и упатување кон соодветна здравствена установа. Со своето присуство и стручност, патронажната сестра придонесува за подобрување на квалитетот на животот на пациентите и намалување на ризикот од сериозни здравствени последици.
Клучни зборови: Дијабетис Меллитус, превенција, лекување, третман, нега.,
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Gordana Kamceva |
| Date Deposited: | 20 Jan 2026 10:16 |
| Last Modified: | 20 Jan 2026 10:16 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37162 |
